• Latest

Гаргамел, оди си!

February 10, 2020
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Гаргамел, оди си!

На почетокот, во едни дамнешни времиња, народот им ја даде довербата. Последиците од тоталитарниот режим што го воведе оваа партија паднаа на плеќи на народот. На истиот народ којшто на почетокот реши да им верува. Оттогаш, се знае ДУИ-овата игра – бранење на престолот со измами, интриги, уцени.

February 10, 2020 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ТАРАВАРИ

Многу пати сум зборувал за типот на политичар што го промовира спектакуларната ДУИ. Далеку е тоа од концептот на демократија и плурализам. Тоа што го прави овој партиски субјект не е чесен политички натпревар.

На почетокот, во едни дамнешни времиња, народот им ја даде довербата. Последиците од тоталитарниот режим што го воведе оваа партија паднаа на плеќи на народот. На истиот народ којшто на почетокот реши да им верува. Оттогаш, се знае ДУИ-овата игра – бранење на престолот со измами, интриги, уцени. Секој што застана на нивна страна си доби соодветна награда. Ене ги, сопственици на фабрики, имоти, луксузни автомобили… Ама и самите знаат дека паднаа во мрежата на монарсите, кои владејат и над нивната судбина. Ниеден седатив на светот нема да им помогне да излезат од оваа мрежа. И сето тоа додека многумина наспроти нив тонат во екстремна сиромаштија или бегаат далеку од родната грутка.

Кој би помислил дека политичката сцена ќе трпи таков мизерен политички субјект и упорно ќе го одржува во живот?!?

Но нивната ера полека се движи кон крајот. Историјата го потврдува падот на многу династии. Па, така и на оваа, која упорно се препелка во сопствената кал.

Она што до некаде е очекувано, а во добар дел е гротеска, е типот на политичар што припаѓа на ДУЈовиот калап. Речиси сите со оној благ грч, а вештачка насмевка, навидум спокојни и самоуверени во претстојниот успех. Па, за 18 години ништожно владеење што друго им преостанува?!? И додека тие си се смешкаат, последиците по државата се од невидени размери. Го „заслуживме“ епитетот на една од најкорумпираните земји! Народот плаче, тие си се смешкаат! Која иронија и агонија.

И истите тие ликови си дозволуваат сите да нѐ ставаат во еден кош. Па, зарем е можно тоа? Секоја споредба со дегенерираниот политичар на ДУИ единствено може да се смести во жанрот на научно – фантастичното. Ама, пак, разбирливо е, до толку се опиени од потребата за власт што се како нарко-зависници, чиј процес на одвикнување е болен и деликатен. Но неопходен, заради нивното здравје.

Да се разбереме, не им посакувам зла и болести, за нив најдобрата казна ќе биде совеста со која што ќе живеат до крајот на животот. Има лекови и за тоа, ама терапијата треба да е вековна. Ако ми тропнат на врата, ќе пробам да им помогнам.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ