Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска (9 август 2025 година) ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври .
Претседателот Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.
Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.
Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, согласно член 16 став 1 од Изборниот законик. Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг, соопти собраниската прес служба.
Распишувањето беше зад затворени врати, а не јавен чин, со соопштение и видео инсерти пратени од Собранието, без изјава или прес конференција на собранискиот спикер.
Б. Ј.