• Latest

Германија ја реафирмира поддршката за преговори на ЕУ со Северна Македонија

January 14, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Германија ја реафирмира поддршката за преговори на ЕУ со Северна Македонија

January 14, 2021 09:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија ја реафирмираше поддршката за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија пак со порака да се смират емоциите на релација Софија – Скопје и да се најде решение, за што е неопходно враќање на довербата. но и со укажување дека илузорно е да се верува оти евентуална смена на власта по изборите во март, би ја омекнала позицијата на Софија за разликите со Скопје.

Амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн вчера изјави дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и оти се надева дека ќе успее да го постигне тоа оваа година.

-Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави Холштајн по предавањето донација од возила и опрема за граничната полиција.

Според неа, во текот на следните недели многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегмени каде нема разлики во мислењата, со што, вели, ќе се докаже дека постои добра соработка. Во рамки на тројното претседателство со Португалија и Словенија, германската амбасадорка најави дека ќе продолжат со напорна работа со цел постигнување отворање на пристапните преговори со земјава.

– Како и претходно и понатаму немаме план Б. Она што преостанува е отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преостанува продолжување на разговорите за пристапување, изјави Холштајн

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за софискиот весник „Труд“ вчера изјави дека емоциите мора да се смират, и во Скопје и во Софија, и да се најде решение. Таа смета дека излезот од сегашната ситуација во односите меѓу Скопје и Софија лежи во враќањето на довербата.

– Ние работиме во оваа насока. Не застанавме, не се откажавме во никој случај. Ние работиме заедно на јасен план во спроведувањето на нашиот договор – да го надополниме изгубеното време. Постојат многу практични и јасни обврски што двете страни мора да ги прифатат, мора да има јасна определба дека работата на заедничката историска и образовна комисија повеќе нема да престане еднострано. Ние сакаме да видиме заложби, какви и одлуки да се донесат, тие не треба да останат само на ниво на одлуки на членовите на комисијата, туку да станат јавни, да влезат во учебниците. Се надевам дека кога ќе се вратиме на нашите заложби, ќе се врати довербата, наведува Захариева.

Според неа, излузорно е да се верува и дека при евентуална смена на власта во Бугарија по изборите во март, Софија би омекнала во својот став кон земјава и би отстапила од некои од своите барања.

– Ова се слуша од минатата година. Но, ретко, многу ретко, бугарскиот Парламент донесува едногласна одлука за кое било прашање. Ова беше случај со Рамковната позиција за Република Северна Македонија. Така што не очекувам нешто такво, истакнува Захариева повторувајќи го ставот дека поддршката за европската перспектива за Република Северна Македонија не е безусловна.

Во меѓувреме, во наредниов период се очекува властите во Скопје да ги разгледаат коментарите што пристигнаа од Софија на македонскиот предлог Акциски план, по што ќе биде изградена јасна позиција на земјава во обид за враќање на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на нашиот европски пат.

По посетатата на Софија во понеделникот, на специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, и неговата средба со шефицата на дипломатијата Захариева, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Бугарија предложила „акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство“ и оти документот се однесува на сите ресорни министерства, а се очекува да биде потпишан на следниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Меѓутоа, шефот на дипломатијата Бујар Османи појасни дека тоа што е добиено од Софија всушност е бугарско гледање на нашиот Акциски план, односно „размена на идеи по однос на тој план“.

Предлог Акцискиот план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година земјава го достави до Бугарија кон крајот на минатата година.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера ја повика Владата да го покаже документот од, како што рече, „12 точки“ за кој преговара со соседна Бугарија, а премиерот и надлежните министри да се охрабрат и да присуствуваат на дебатата во Парламентот што ја организира опозицијата. Тој, на новинарско прашање на прес-конференција, рече и дека останува на ставот дека со Бугарија се разговара за македонскиот идентитет./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ