Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска ќе одржи партиска конференција, на која ќе биде ставен на гласање постигнатиот договор со социјалдемократите за коалициска влада на федерално ниво, јави ДПА, пренесе МИА.
Конференцијата ќе се одржи повеќе од една недела пред очекуваниот избор на лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, за канцелар на Германија.
На партиската конференција во Берлин, се очекува Мерц да ги претстави кандидатите на ЦДУ за министри во сојузната влада.
На сличен настан во Минхен, сестринската партија на ЦДУ во покраината Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), ќе ги претстави своите кандидати за министерски места.
Според коалицискиот договор, ЦДУ и социјалдемократите ќе имаат по седум министри во новата влада, а ЦСУ ќе има три.
Се очекува Фридрих Мерц да биде избран за канцелар на 6 мај.