Германската полиција почна истрага против десничарски политичари кои делеле боенки со расистичка содржина.
На нив се нацртани вооружени мажи под турско знаме и жени со темна боја на кожа чија коса била украсена со коски.
Боенките беа дистрибуирани на собир на партијата „Алтернатива за Германија“ (АфД) во Крефелд, Северна Рајна-Вестфалија.
Албумот содржи цртежи за боење на кои се прикажани вооружени мажи со традиционални турски капи и со турски знамиња во рацете.
На следниот цртеж се целосно покриени жени во базен со пораката „Се ќе исчистиме“.
Регионалната полиција објави на Твитер дека е покрената истрага, а Парламентот сака да утврди дали албумите биле финансирани со јавни пари.
Локален огранок на АфД предупреди дека станува збор за „напад врз уметничка.
Извор: МИА