• Latest

Героски: 2018, контроверзна година за Владата

January 24, 2019
Фото: Амбасадорка на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Мачењето и егзекуциите на цивили беше „вообичаена практика“ на Русија во нелегалниот затвор „Изолација“ во привремено окупираниот Доњецк

June 9, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Владимир Владимиров: Русија ќе продолжи да го користи секој момент да го љуља европскиот и чамецот на НАТО

June 9, 2025

Санела Шкриељ: Негирањето е последна фаза од геноцидот, но и сигурен предзнак дека повторно ќе се случи

June 9, 2025

Дерала: Дезинформациите се оружје. Разбудете се или гледајте како умира демократијата.

June 9, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: Кабинет на Претседателката)

Сиљановска-Давкова се обрати на третата Конференција на ОН за океанот: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

June 9, 2025

Мишев: Коњушарите на петтиот јавач на апокалипсата – ДЕЗИНФОРМАЦИЈАТА – на цел глас ве убедуваат дека руско влијание во Македонија – нема!

June 9, 2025

24 ЧАСА: Мерко е повторно невин; Руте бара 400% зголемување на НАТО капацитетот за воздушна одбрана; Коалицијата на Вучиќ победи на локалните избори во Заечар и Косјериќ

June 9, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Азир Алиу нов министер за здравство

June 9, 2025

Слабиот моќник на Америка

June 9, 2025

Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал ја објави публикацијата: Соседи на конфликт – Трговија со оружје во Турција, Бугарија и Грција

June 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Героски: 2018, контроверзна година за Владата

January 24, 2019 15:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во 2018 година Македонија доживеа една битна и сериозна консолидација на меѓународен план на едно задоволително ниво. На потребно ниво ги уреди односите со своите соседи. На едно можно реалистично ниво и последното отворено прашање поврзано со правата на Албанците во Македонија. На тој начин клучните прашања што се витално значење за иднината на земјата и за нејзината геостратешка позиција и за нејзините односи со меѓународната заедница, се решија во еден политичнки спринт… Дали поради посветеноста на Владата кон овие прашања или поради други прични, на некои други планови се покажаа многу слабости во функционирањето на новата власт“, изјави уредникот Бранко Героски во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2019.

Героски смета дека токму поради недоволната посветеност на власта кон други прашања, таа изгуби дел од поддржувачите што ги имаше како опозиција.

„Оваа власт практично се устоличи со една поширока граѓанска поддршка, не само политичка, туку и со поддршка на граѓанскиот сектор, многу интелектуалци, обични граѓани, на крајот со голем број гласови… Дојде до извесно разочарување, бидејќи очекувањата синтетизирани во зборот живот и во еден друг значаен збор реформи не се остварија. Ова двојство меѓу добрите резутати на еден план што ја стабилизираат земјата, но истовремено едно внатрешно опаѓање е резултатот со кој влегуваме во 2019 година. Поради тоа сметам дека резултатите на Владата за 2018 можат да се оценат како контроверзни“, изјави Героски.

Героски изјави дека сега власта има еден бришан простор да се посвети на евроагендата и ако е потребно на  тој план да изврши и сериозни кадровски зајакнувања пред сè во јакнење на капацитетот на администрацијата.

„Од друга страна, Владата не треба да се дефокусира со блиц клик избори како што се навикнавме во оваа држава од 2006 година па наваму, што не е добро. Мислам дека влегувањето во едни брзи предвремени парламентарни избори би било непотребно и дефокусирање. Престојните редовни избори, пак, се инзворедна можност да се случи една друга работа. Прво, самиот СДСМ да го провери сопствениот идентитет и штетите евентуално што можеби се нанесени на тој кредибилитет. Второ, тие се инзворедна шанса за ВМРО-ДПМНЕ  со добар кандидат со проевропска ориентација, со прозападна ориентација, со добра изборна агенда, но дефинитивно насочена во насоката во која е тргната оваа земја и самата партија да се врати во форма и да се консолидира. Јас во претседателските избори гледам одлична шанса за една добра политичка битка“, изјави Героски во контекст на престојните избори и колку тие можат да ја дефокусираат власта од другите проблеми со кои се соочува.

Ако продолжат внатрешните превирања или ако дојдеме во ситуација на насилни избори, Героски смета дека ќе биде лошо за човечкиот фактор во Македонија, која што сè уште губи млади луѓе и има недостаток од човечки ресурси.

„Македонија покажа дека е многу под влијание на марфиевите закони, ако нешто може да тргне на лошо, ќе тргне на лошо“, рече Героски надевајќи се дека тоа нема да биде перспективата на државата.

Текст и фотографија: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Приведен Александар Нацев, сопственикот на агенцијата која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ