• Latest

Героски: Ако со кампањата се пристапеше на поинаков начин, резултатите ќе беа подобри

September 26, 2018

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Героски: Ако со кампањата се пристапеше на поинаков начин, резултатите ќе беа подобри

September 26, 2018 13:08
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Героски во интервју за ЦИВИЛ Медиа, вели дека на претстојниот референдум на 30 септември, гледа како круна на процесот на приклонување на Македонија кон западната политичка хемисфера и кон ЕУ и НАТО, и дека очекува граѓаните во многу голем број да се изјаснат „за“, притоа свесни за тежината на својата одлука или жртва која Македонија треба да ја принесе, обезбедувајќи ја својата иднина.

Според него, компромисното решение „Ерга омнес, не била лесна одлука и дека политичкиот врв не е пресреќен за таквата одлука, но дека тоа било единственото можно решение после толку долг процес на преговори.

„Јас мислам дека тој процес незапирливо ќе продолжи бидејќи не е ова решавање само на македонското прашање, туку како егзикуција на еден поширок план, а тоа е пацификација на целиот регион, Западен Балкан. Видовме дека овој караван на моќни политичари и луѓето со влијание во политиката, се пресели од Македонија во Србија, каде што се става акцентот,  и на сите ние е јасно дека станува збор за генерално средување на регионот, и тоа мора да се заврши, затоа што доволни беа 3 и повеќе децении на немири, војни и нестабилност на регионот и ние за среќа сме дел од тој план“, вели Героски.

Во однос на кампањата за референдумот, Героски вели дека тоа што тој го очекувал не се исполнило до крај, дека кампањата од сите инволвирани страни, како Парламентот, невладиниот сектор и најмногу од партијата на власт, очекувал да биде помалку конфликтна, а повеќе инклузивна.

„Очекував барем еден корпус на луѓе кои се во неумица, на кои не им е лесно да ја прифатат оваа промена, на никому не му е лесно, па и на мене не ми е лесно да ја прифатам таа промена, да им се пристапи со една со една пообјаснувачка кампања. Сè до крајот видов и таков начин на разбирање на овој процес, но мислам дека не беше доволно тоа и мислам дека тоа ќе нè чини еден корпус на гласови помалку на контото на она што ќе дојде за“, вели Героски.

Во однос на кампањата за референдумот и медиумите, Героски вели дека има телевизии каде што гледаме рекламни кампањи и здодевни и бескорисни дебати, со што тој се сомнева дека тие ќе предизвикаат некакво влијание кај граѓаните.

„Мислам дека медиумите одиграа улога согласно со онаа што им беше наменета од организаторите на кампањата, и не можете да очекувате медиумите да водат сами кампањи, бидејќи кампањата ја води тој што за нешто се залага, ние може да им ги отворите вратите и просторот, но кој колку ќе го искористи тоа е прашање право на медиумите“, додава Героски.

Биљана Јордановска
обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Дехран Муратов 
монтажа: Буњамин Камбери


Видео интервјуто е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

 

Tags: Бранко ГероскиинтервјукампањареферендумСТАВ
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ