• Latest

Ќе ги отвори ли „Ромскиот бал“ вратите, освен за политичарите, и за сиромашните?

January 12, 2017

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе ги отвори ли „Ромскиот бал“ вратите, освен за политичарите, и за сиромашните?

January 12, 2017 18:02
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Хумани граѓани и бесчувствителни и неодговорни институции на системот кој е во тотален колапс.  Од студот починаа три бездомни лица, а ресорниот министер за труд и социјала, ја обвинува опозиционата претходничка?! А, „Ромскиот бал“ што традиционално го организира лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (на кој присуствуваа(т) политичари од власта, како Никола Груевски, Сашо Мијалков, Марко Зврлевски…) најверојатно ќе се одржи и годинава. „Село гори – баба се чешла“…

dehran
Пишува: Дехран Муратов

Дали Македонија е способна да опстане како држава една седмица со невообичаено ниски температури? Дали секое зимско невреме или летна поплава, мора да има катаклизмични последици и на државава, со актуелната власт, да ѝ се заканува целосен распад на системот? Деновиве, покрај тоа што смрзнуваа(т) на завеаните а нерасчистени патишта, граѓан(к)ите смрзнуваат и во своите домови, затоа што немаат пари да си купат огревни дрва или затоа што немаат парно греење, поради дефектите што бавно ги отстранува ЕВН. Скопјан(к)и, неготинчан(к)и и кавадарчан(к)и, и по неколку дена немаа(т) вода во домовите… (Но, во провладините медиуми се објавува дека снегот и мразот не се исчистени само во општините Центар и Куманово, каде што градоначалниците се од опозицијата, па човек се прашува дали веќе започна предизборната кампања за локалните избори?)

Најстрашно од сé е тоа што, засега, од студот починаа три бездомни лица. Нека почиваат во мир! Белки, некој ќе одговара за несовесното работење. Правдата е бавна, но еден ден, сите ќе ги стигне!

Се прашувам дали мирно спие новиот министеер за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими? Подолго е на министерската функција само од еднодневниот министер во МВР, Оливер Андонов, а веќе во своето CV ќе запише три смртни случаи!? Очекувам дека ќе негира, и ќе ја префрли вината на претходните министри, дека тие несовесно работеле. Зашто, Ибрахими веќе ја искритикува претходната министерка за труд и социјала, Фросина Ташевска Ременски, за нејзиното „непрофесионално работење“. Секако, очекувам критиките да продолжат и за министрите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ кои раководеа со Министерството последните десет години, ама…

За среќа, ние сме хуман народ, па за операција на детенцето од Кратово, пари се собираат преку донации, преку стенд-ап настапи на актерот Сашко Коцев и на други начини. Деновиве, бевме сведоци дека популарниот Боки 13, по вторпат му обезбеди дом на еден бездомник, и неколку други активисти и организации ги отворија вратите за бездомните ѓраѓан(к)и, неколку кафулиња ги заштитуваат и уличните кучиња. Но, до кога граѓан(к)ите ќе ги исполнуваат обврските на надлежните институции кои раководат со нашите пари…?! Зошто тогаш постојат министерства, болници, згрижувачки центри…

Јасно е дека ништо не може да се промени преку ноќ и дека ќе треба да помине време додека институциите на системот почнат да фунционираат како што треба. За да не ја иритираат јавноста.

На пример, „Ромскиот бал“ што традиционално го организира лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (а на кој присуствуваа(т) политичари од власта, како Никола Груевски, Сашо Мијалков, Марко Зврлевски…) најверојатно ќе се одржи и годинава… Во период кога Македонија е во хаос и кога е неизвесно дали изборите ќе резултираат со нова влада, или со нови избори, кога еден човек извршува и по неколку функции (министер, пратеник), кога државата е далеку од нормалните услови за живот, поради снежните наноси, а во некои области може да се стигне само со хеликоптер… „Село гори – баба се чешла“…

Еве и конкретен предлог како гламурозниот „Ромски бал“, сепак, може годинава да добие хумана димензија. Да ги отворивратите и срцата на учесниците. Дел од парите што ќе се соберат, може да се одвојат за сиромашните. Храната што ќе остане да не се фрла, туку да се даде на најзагрозените. Може да се одвојат по 100 денари од билетот (која мислам дека чини 1.000 денари), или да се постави кутија за донација. Ако организаторите излезат со соопштение во следните денови дека на „Ромскиот бал“ ќе се собираат пари за најзагрозените, јас веднаш ќе купам билет. Верувам дека во таков случај, многу граѓан(к)и ќе купат билет само поради хуманиот гест, а нема ни да присуствуваат на „балот“… Некои за да се се сретнат со „традиционалните“ гости, а некои чисто поради тоа, што сакаат да помогнат а не да се експонираат на „џингрлака“ манифестации… (Зашто, на баловите, во нивните балкански варијанти, навистина никогаш немало принцови, но покрај кутрите Пепелашки, секогаш имало и разни вампири…)

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бездомнициграѓаниинституцииполитичариРомски балсиромашнихуманитарци
Share54Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ