• Latest
Војо Маневски

Гимназиите пред реформска гимнастика

January 18, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Гимназиите пред реформска гимнастика

January 18, 2025 18:49
in ОБРАЗОВАНИЕ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Еден од столбовите на образовниот систем во последните осумдесет години се гимназиите. По реформите во почетокот на шеесеттите години и воведувањето на основното осумгодишно образование тие беа основа на високото образование. Во нив се образуваа пред сѐ кадри за понатамошно образование. Во осумдесеттите се воведе насоченото образование, но тоа после само шест години се врати на познатата шема. Во независна Македонија се надополнуваа програмите, но суштинска реформа немаше. Отворањето на голем број универзитети место да ја зајакнеше нивната улога доведе до пад на квалитетот на знаењето и покрај податокот дека скоро сите ученици се запишуваа на некои од универзитетите. Матурата како последна проверка на подготвеноста на учениците за факултет неколку пати се ставаше на испит. Екстерното оценување засега не ги даде очекуваните резултати.

МОН ја објави својата намера за реформа на гимназиите. Таму се наведени целите кои се сакаат да се постигнат со реформата и повикуваат на дебата од страна на експертите, наставниците и родителите. Ова е добро како намера, ама да не се заглави во општиот конзерватизам и неподготвеност на општеството за било која промена. Има за тоа низа на причини, но и можни социјални последици. Наставниот кадар ќе мора да биде на испит, бидејќи општата партизација ги намали основите од кои се регрутираше наставниот кадар. Општо познато е дека со партиска книшка се стануваше наставник. Колку тие кадри сега ќе можат да ја прифатат и спроведат реформата останува да се види. Секако не треба да останат на улица и издржана социјална програма, треба да се осмисли како дел од реформите. За наплата доаѓа и општествениот статус и платата на наставниците. Вистина е дека тие не се меѓу посакуваните занимања на најдобрите студенти. За споредба ќе ги посочам платите на наставниците во осумдесеттите и до половина на деведесеттите кога еден електроинженер и наставник во гимназија со полн фонд на часови имаа скоро иста плата. Денес тоа не е така, а да не зборуваме за угледот и статусот кој го уживаа наставниците во целото средно образование, а посебно во гимназиите. За жал, тој денес е далеку од потребното ниво.

Да не бидам здодевен кога во секој текст повикувам на реформи. Но тие не се само потребни, туку и нужни. Сметам дека само реформата во гимназииите тешко ќе се спроведе, ако не биде дел од цел систем на реформи во образованието. Вака се плашам дека ќе биде промена само во средината на образовниот столб. А кога се чепка во средина има шанси столбот да биде климав, па и да се сруши. Мора да се започне со реформи во основата на стобот или барем тие реформи што се предлагаат да бидат суштински.

Повикот на МОН треба да поттикне дебата за новиот концепт, но и сеопшта дебата за состојбата во образованието. Не може секое место во системот на образование да биде достапно за секој ученик, ниту наставник да биде некој што се провлекувал низ студиите и поради долгото чекање или некаква партиска или  друга врска дојде до положбата да биде наставник. На образованието се пресликува состојбата на моралот на една нација и нејзината одговорност за иднината и на државата и на општеството во целост. Како вечната спротивставеност на интересите на поединецот и заедницата. Мора да се намали врзаното мислење дека е најважно „мој Стојанче да си дојде, па за дугите како им е судбината“.

За да биде успешна дебатата мора да се анимира јавноста за целите на дебатата и тие да бидат јасни без непотребна фразеологија. Затоа сметам дека и покрај многу други актуелни теми, задача на новинарите е да се поттикне што поширока и постручна дебата за најавената измена на концептот на гимназиското образование.

Како прилог кон дебатата ви го приложувам мислењето на еден мој пријател кој сака да се вклучи во дебатата, а засега го истакнува својот став за потребните концепти.

Можеме да правиме реформи колку што сакаме и какви што сакаме, ама ништо нема да постигнеме, ако немаме сериозен пристап кон реалноста. Прво, тешко дека сегашниот кадар е подготвен да ги впие и примени знаењата за новите технолгии, сѐ додека се обидуваме компјутерите да ги користиме како помошна алатка и калкулатори или потсетници вистинските реформи потребни на современите трендови ќе се површински и козметички. Вистинскиот чекор би се направил кога во образовниот процес компјутерите и нивните моќности за комуникација, видео, аудио и виртуелната презентација, а сега и вештачката интелегенција би го завзеле централното место и образовниот процес би се засновал и доградувал на нив. Дали е тешко тоа да се направи? Многу е тешко. Дали  мора тоа да се направи? Мора и немаме повеќе време за салонски дебати. Според народната „тоа што се мора не е тешко“! Секое одложување и правење на половична реформа е само губење на време, а тоа истекува. На опашката остануваат оние што не го научиле орото, мислењето е на доктор по информатички науки.

Нема да е добро општата партиска спротивставеност да ја загадат дебатата и сѐ да се сведе на партиска преписка за способноста или неспособноста на министерот или Бирото за развој на образованието. Потребна е конкуренција на концепти, а не дневно препукување за личности.

Инаку сѐ ќе сведеме како во вицот кога балканец отишол да игра покер со англиските благородници. Бидејќи сѐ е на доверба и на чесен збор во тој свет балканецот има лукавство „кога ми тргна една карта“.  Кога Европа ни советуваше дека треба да правиме реформи во образованието и да имаме поголем број на образовани и стручни кадри како наш капитал во конкурентната пазарна економија, ние кога му удривме во отворање на универзитети и издавања на дипломи од сите рангови ееее, сите ќе станеме магистри и доктори. Таа наша балканска лукавост ја плаќаме со иселување на најдобрите кадри и сеопшт пад на квалитетот. Ете ни шанса да се зафатиме со суштината и да покажеме одговорност за денешнината за да имаме иднина. Да не се доведеме до состојба кога ќе ни се нужни реформи по принципот на чистење на Аугиевите штали.


Текстот е личен став на Авторот. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ