• Latest

Гир дециден: Зајакнувањето на владеењето на правото е од суштествена важност земјата да напредува на патот кон ЕУ

September 21, 2023

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир дециден: Зајакнувањето на владеењето на правото е од суштествена важност земјата да напредува на патот кон ЕУ

September 21, 2023 15:43
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнувањето на владеењерто на правото е од суштествена важност земјата да напредува на својата патека кон членството во ЕУ. На таа патека нема кратенки, нема компромиси.

Ова го истакна амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир по повод официјалното отпочнување на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, чија цел е зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија.

Тој посочи дека  станува збор за важен проект, кој покрива четири клучни области – правосудството, полицијата, почитувањето на човековите права и борбата против корупцијата. Тој при тоа изрази задоволство што во проектот е вклучена соработката со Институтот за основни човекови права Лудвиг Болцман од Австрија, Министерството за правда и администрација на Хрватска, Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, и Центарот за меѓународна правна соработка.

-Успешноста на овој проект нема да зависи од посветеноста на партнерите, иако таа е важна, нема да зависи од квалитетот на експертизата или дадените совети иако и тие се важни, туку ќе зависи од посветеноста на сите вклучени институции и на надлежните власти со решителни чекори да напредуваат во владеењето на правото. Тоа е важно не само за проектот туку, пред се, и над се , тоа е важно за граѓаните. Но исто така од суштествена важност е земјата да напредува на својата патека кон членството во ЕУ, на таа патека нема кратенки, нема компромиси, нагласи евроамбасадорот Гир.

На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Кренар Лога, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и претставници на Лудвиг Болцман Геселшафт – Институтот за основни човекови права (LBI-GMR) и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

Според министерот Спасовски, стратешката определба на Владата е интеграцијата на државата во ЕУ, која пак не би можела да се замисли без основното начело – владеење на правото како една од заедничките вредности за сите земји-членки. Потенцирајќи ја важноста на проектот рече дека тој е исклучителна важноста, и го вброи меѓу најважните проекти кои што се спроведуваат во земјава.

-Оттаму, очекувам проектот преку мулти-агенцискиот пристап според кој е конципиран конечно да ги обедини институциите во своето делување, а на тој начин да обезбеди заедничко исполнување на проектните цели- поставување на силни правни основи за транспарентни, одговорни и ефикасни демократски институции, способни ефикасно да се справат со заканите од организираниот криминал, компјутерскиот криминал, корупцијата и сите други актуелни закани, рече Спасовски.

Министерот Спасовски, додаде дека Владата вложува максимални напори со цел да обезбеди непречено владеење на правото како основно право за своите граѓани.

-Земјите од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија продолжуваат да се соочуваат со големи предизвици поврзани со борбата против корупцијата и организираниот криминал, прашања кои се од клучно значење за функционална демократија и економија и во голема мера го условуваат процесот на пристапување во ЕУ. Оттаму, одлучната и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е приоритет на секоја држава. Тоа е и наш стратешки приоритет, при што фокусот на нашите активности е насочен кон превенција, спречување и борба со сите облици на организиран криминал, согласно највисоките стандарди на полициското работење, подвлече  Спасовски.

Министерот за правда Лога пак, нагласи дека во овој момент, нашата држава се наоѓа во состојба кога треба да преземе решителни чекори во однос на подигнување на нивото на владеење на правото и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем, борба против корупцијата и организираниот криминал и обезбедување поголема заштита на човековите права и слободи.

-Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители е донесен и со него се обезбедува нов начин на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стучна комисија. Направивме реформа со која од овој закон се очекува да се обезбедат високи критериуми, систем на ревизија,   транспарентност и јавност,  и создавање услови за избор на  судии и обвинители со висок интегритет, рече Лога.

Како држава, додаде тој, сме посветени на процесот на дигитализацијата на правосудниот сектор, кој е круцијална реформа за добивање на поквалитетна и побрза правда за сите граѓани. Во оваа насока,  се очекува, како што рече Лога, да се изврши темелна надградба и на системот за управување со предмети во обвинителствата со поддршка од финансирањето на ЕУ ИПА III.

-Целта број 3 на овој Проект: “Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата“,  предвидува реализација на повеќе активности, наоѓање решенија за подобрување на системот за конфискација и поврат на имот како и јакнење на меѓуинституционалната соработка со цел за следење на состојбите со корупцијата, креирање и спроведување на политики за унапредување на превенцијата и борбата против корупцијата, нагласи министерот за правда.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање на настанот  истакна дека проектот ќе придонесе во навремена подготовка на релевантните институции и нивните капацитети во процесот на разгледувањето на постигнувањата во Поглавјето 23 -Правосудство и фундаментални права од европското законодавство.

-Најважниот резултат од проектот кој сум сигурна дека ќе го добиеме е зајакнување на капацитетите на главните тела за човекови права во нашата држава бидејќи обезбедува алатки за основните  човекови права кои ќе станат достапни за јавните службеници и кои даваат насоки за применување и воспоставување на пристапот заснован на човекови права на стратешко ниво. Министерството за труд и социјална политика во својот мандат и надлежности обезбедува осигурување на почитувањето на низа човекови права. Тоа е чест, но и голема должност, посочи Тренчевска.

Таа се осврна и на темата за родово базираното насилство која нераскинливо се поврзува со Министерството. Со ратификацијата на Истанбулската конвенција, новиот Закон за превенција и спречување на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство институциите имаат обврска да постапуваат со  должно внимание при пријава на насилство, но, вели таа, сепак останува голем дел од актите на насилство кои остануваат непријавени, токму поради недовербата во институциите и професионалците.

-Правата на жените за еднаквост, за економска слобода, за стабилност, за живот без насилство се дел од клучните човекови права. Затоа во периодот кој што следи Министерството за труд и социјална политика во соработка со Народниот правобранител преку овој проект ќе работат на зајакнување на системот на спречувањето на родово насилство и дискриминација, истакна Тренчевска која нагласи дека во рамките на овој проект Министерството ќе биде активен партнер и во делот на зајакнување на системот за заштита на децата.

Проектот, кој е целосно финансиран од ЕУ, е дизајниран да ги поддржи релевантните институции кои работат на полето на правдата, организиран криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права за подобрување на нивните капацитети, ефективност и влијание. Времетраењето на проектот е 36 месеци со предвидено продолжување за дополнителни шест месеци со буџет од 10,25 милиони евра.

Tags: ГирЕУправда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ