ДРАГАН МИШЕВ
Руската пропаганда на дело, со раширени раце прифатена од „објективните„ и „независни“ македонски п(а)ортали.
За два/ тројца „комсомолци“ со качулки, што фрлаат боја на композицијата со тенкови во Грција, на раширените од рубљи зеници на „објективните“ македонски п(а)ортали им се гледа како цела Грција да им објавила војна на САД, и ги нападнала тенковите на НАТО со целиот арсенал од лесно и тешко оружје што го поседуваат Грчките вооружени сили. Иако, во насловот на видеото ( на руски секако) си пишува дека нападот е со црвена боја. Ама нашиве да ти биле поголеми католици од Папата, или по ново, поголеми Руси од Путин.
Какви п(а)ортали, такви наслови. Гладна кокошка рубљи сонува.