• Latest

Глобал СОС за итни случаи за граѓаните на РСМ во странство

July 22, 2019

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Глобал СОС за итни случаи за граѓаните на РСМ во странство

July 22, 2019 15:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Глобал СОС е новиот контакт центар за итни случаи преку кој граѓаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат надвор од државата ќе може директно да се обратат за која било итна ситуација, а кој директно ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната конзуларна услуга, јавува МИА.

Граѓаните може да се јават на бројот 075 273-372, своите барања да ги напишат на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, да побараат помош преку профилите на МНР за социјалните мрежи Фејбук и Твитер. Сите овие информации се објавени на страницата на МНР, каде освен дежурниот број се и броевите на сите дипломатско-конзуларни претставништва. Изборот на нив е дали директно ќе се јават на дежурниот број или пак ќе го побараат соодветното ДКП.

Ова на денешната прес-конференцијата во Скопје го посочија министерот за надворешни работи Никола Димитров и директорот на Директоратот за меѓународно право и конзуларни работи, Љуфтим Спахиу.

„Согледувајќи ги проблемите на граѓаните да стапат во контакт за да добијат лесен пристап до неопходни информации се одлучивме во рамки на сегашната регулатива да формираме едно тело за кризни ситуации во делот на конзуларните односи и една телефонска линија, која редовно ќе биде опслужувана од дежурни конзуларни работници и луѓе кои работат во делот на конзуларни односи. Ја нарековме Глобал СОС, во моментот ќе функционира на една телефонска линија“, рече Димитров.

Тој додаде дека контакт центарот ќе работи на емаил, на вибер, но потенцира дека ќе се обидат сите можни алатки на комуникација да ги направат пристапни за оваа работа. Според него, ова е мошне актуелно во летните месеци, кога граѓаните повеќе се соочуваат со вакви предизвици.

„Сакавме да видиме каде се губи контактот меѓу граѓаните и ДКП и МНР. Анализите покажаа дека многу доцна ги добиваме информациите или дека граѓаните немаат никаков контакт. ГЛОБАЛ СОС функционира веќе месец и половина и статистиките покажуваат дека е ефективен“, додаде Спахиу.

Додаде дека сите наши државјани кои се наоѓаат во странство можат на контакт телефонот на Глобал СОС, кој се наоѓа на веб страницата на МНР да се јават директно или преку вибер и ватсап, во иднина и преку други апликации. 

Тројца службеници засега работат на дежурниот телефон, а граѓаните на него можат да се јават од 8 до 22 часот, дежурните броеви во ДПК-та работат 24 часа во седмицата редовно без прекин.

„Итен случај е секој, кој ќе го почувствувате дека е итен – смртен случај, сообраќајна незгода, природни катастрофи, да биде ограбен, физички нападнат, губење личен документ, потреба за издавање таков документ, заштита во органите на државата каде се наоѓа, но граѓанинот и сам си одредува што е итен случај“, појасни Спахиу.

Тој додаде дека дури 80 отсто од јавувањата припаѓаат во категории кои не се итни, но сите до еден се услужени.

Спахиу додаде дека луѓето често се јавуваат во странство, кога престојуваат подолго и бараат начин да го продолжат престојот, а други се интересираат за визи во трети земји, на кој начин, во кое претставништво да ги извадат што не спаѓа во категорија на итни случаи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ