• Latest

Глупост е дека со употреба на албанскиот, ќе се загрозува македонскиот јазик!

September 12, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Глупост е дека со употреба на албанскиот, ќе се загрозува македонскиот јазик!

September 12, 2017 16:37
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Убаво е да се знаат јазици, сите да ја покажат својата култура и да живееме во слога и братство!“, одговори една граѓанка на прашањето на денешната анкета на ЦИВИЛ Медиа: „Дали употребата на албанскиот јазик го загрозува македонскиот јазик?“

Поголемиот дел од анкетираните скопјан(к)и кои ни одговараа на македонски јазик, рекоа дека не им пречи употребата на албанскиот јазик и дека со неговото официјализирање, нема да се загрози македонскиот јазик.

„Не е загрозен македонскиот јазик, тоа е глупост! Никому не му пречи албанскиот јазик!“, вели еден граѓанин. Друг смета дека „секој јазик е благодет… Колку јазици знаеш, толку подобро“.

Меѓутоа, имаше и неколкумина анкетирани кои сметаат дека македонскиот јазик и државата ќе бидат загрозени доколку се воведе албанскиот, како втор службен јазик, дека „македонскиот народ ќе биде поништен“…

„Македонскиот јазик ќе биде загрозен ако се воведе двојазичност. Не може со 20 отсто да биде рамноправен, бидејќи ние останатите сме 80 отсто“

Зад камерата на ЦИВИЛ Медиа, еден граѓанин нѝдофрли: „Камо среќа да знаев албански, бидејќи најчесто работам со клиенти од Косово и Албанија. Да знаев албански, немаше да има потреба да комуницираме на англиски јазик. Тврдам дека прашањето за тоа на каков јазик ќе се комуницира, ќе биде небитно во моментот кога ќе разговараме за бизнис и пари… Сè додека немаме силна економија, политичарите ќе нѝ даваат вакви теми за да избегат од вистинскиот фокус, односно, од вистинските проблеми што ги засегаат граѓан(к)ите“.

Соговорниците кои ни одговараа на албански јазик, велеа дека употребата на албанскиот јазик не го загрозува македонскиот јазик. „Штом живееме во иста држава, не го загрозува, ама што не нѝго даваат, не нѝго даваат. Па, ќе чекаме сега-засега, ако се вредни овие нашиве…, инаку Македонците не нѝго даваат“. На прашањето дали нешто ќе се подобри во животот на етничките Албанци, со новиот статус на албанскиот јазик во Македонија, еден соговорник, кој зборуваше албански, беше дециден: „Ќе имаме повеќе права. Ние живееме во Македонија и ни треба албанскиот јазик тука. Друго не знам што да ви кажам, ни треба. Се боревме со векови, и затоа ни треба…“

 

Вулнет Махмути

Текст и камера: Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански јазикдвојазичностмакедонски јазикупотреба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result