• Latest

Глупост и лудило

October 24, 2018

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Глупост и лудило

October 24, 2018 11:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се биде глупав, тап, вулгарен и насилен… Да се измешаат баби и жаби… Да се биде (намерно) слеп пред очигледниот грабеж, па тоа и да се оправдува… Да се повика на нечие убиство, силување, линч… Да се колне и лаже… Каква ли е таа сатисфакција?

Џабир Дерала

Одговорот (голем дел), сепак, е во политиката. Политиката е преполна со грабливи, глупави, тапоглави, вулгарни и насилни ликови. Тоа е простор од каде што се планира и спроведува окупацијата на сите можни начини. Тоа e просторот во кој тие ликови ја штитат сопствената неспособност со најниски морални деформации.

Хипертрофија

„Лудилото кај поединци е ретко; но кај групи, партии, нации и епохи, тоа е правило.“ – пишува Фридрих Ниче кого неодамна го цитираше и осуденикот д-р Никола Ж. Груевски, се разбира, не заборавајќи да го воспее и Тодор Александров и некои од неговите жртви. Баби и жаби… Толку знае…

Лудилото на нашето време е придружено со хипертрофирана глупост. Како роеви мутирани инсекти со утроба полна со отрови, замаената партиска солдатеска го преплави јавниот и медиумскиот простор. Гнездо за нив градеше еден налудничав и насилен режим, газејќи сѐ пред себе.

Не може ни да се очекува ништо подобро од ваква јавност кога и физички сме окупирани од Скопје 2014, кога медиумите се преполнети со евтини глупости и ментален садомазохизам. Кога уште од училишна возраст се негуваат генерации полуписмени грубијани што утре ќе станат и полоши од нивните сегашни политички и социјални ментори, не можеме да очекуваме развој на демократска и политичка култура во која се негуваат доблесни, цивилизациски вредности.

Ништо од тоа!

Општа социјална „распаљокта“

Ах! И таа глобална играчка за „сиромашните по дух“ – социјалните мрежи… Тој простор што, наместо да ги зближи, ги оддалечи луѓето едни од други повеќе од било кога. Место каде што менталната и емоционалната мастурбација, во македонскиот општествен и политички контекст, е претворена во есенција на животот. Една општа „распаљотка“ во која главна парола стана чесноста, транспарентноста, непристрасноста и неутралноста – токму тоа што го нема!

За каква непристрасност и неутралност говорат патетичните инквизитори на социјалните мрежи, со и без партиски налог? Да биде појасно, тие што се без партиски налог, не значи дека не се партиски задоени, туку само сакаат да одушеват некој партиски месен или општински капитен.

Ним ништо не може да им биде доволно неутрално, чесно, непристрасно, затоа што се заробени во сопствената нечесност, заробени се во лавиринтите на лажните вести, политичкото и структурното насилство и демагогија. Тие што најмногу молчеа со години, сега се „најзагрижени“ за сите, ама баш сите, да бидат неутрални. Тоа најчесто се сведува на „крив е Хитлер, но криви се и Евреите“…

Серковци

Тие што не знаат како да ги изразат своите мисли и не знаат што би правеле со своето време и со својот простор, тие што не се свесни дека имаат и време и простор самите да се изразат, единствено им изгледа нормално да се посерат во туѓ двор, па нека е тоа и во виртуелниот простор на социјалните мрежи. Серковци!

Луѓе со име и презиме, со семејства и некаков, каков-таков, живот, го изгубија своето достоинство и му плукнаа на сопствениот образ и образот на своите семејства… Зошто? За да му послужат на криминалот во политичките елити. Сеприсутна состојба на занес од кој се крева утробата…

Но… Сѐ ќе си покаже времето. Живееме брзо, така што ретко кога се чека предолго за работите да им станат јасни и на најнаивните. А кој чита селективно или заборава (не)намерно, нема што да му се објаснува. Тие залудно и читаат. Доволен им е партискиот катихизис, нема никаква потреба да го губат времето во читање текстови на кои потоа реагираат со омраза и каде што ризикуваат да ги оддадат и нештата што и од себеси ги кријат.

Егоизам

Егоизмот е ѓуле на глуждот на повеќето луѓе во политиката и во јавната сфера. Тие не разбираат, ниту сакаат да разберат дека во политиката имаат шанса да станат морална парадигма, да му служат на општеството. Тие најчесто влегуваат во политиката затоа што сакаат да бидат моќни, да газат, а притоа и да се збогатат. И толку. Без оглед на тоа колку можеби и се убедени во благородната мисија што ја исполнуваат, нивниот егоизам, самопреценување и нескромност ќе ги одведе на погрешно место во историјата и во денешницата. Некои од нив можеби ќе завршат и в затвор.

Многумина ќе се извлечат со пазарење. Секако, повеќето од нив се препредени, па ќе се претопат во некои нови структури на моќ и ќе си го проживеат животот во удопство, опкружени со магичните огледала во кои тие изгледаат преубаво. Тие што страдаат се масата луѓе што живеат со болестите на времето, па и самите стануваат болест.

Само екипа (или човек) со многу сериозни проблеми во личноста може да нарача онаков спот од гротескната стражарница на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа веќе не е пропаганда, туку е материјал за посматрање и дијагностицирање во затворени одделенија на институции за ментално здравје. И – ова е само еден од безбројните примери…

Трагедијата (лудилото) е во тоа што видовме многу такви (аудио/видео) творби во изминативе децении, така што публиката се навикна на нив. И не само што се навикна, туку и се навлече на нив. Дел од публиката слепо верува во тие ноторни глупости. Другиот дел е во потрага по еквиваленти на таа глупост. Глупост до глупост.

 


Илустрација во прилог на текстот: Giorgio de Chirico – “The Archeologists”

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share166Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ