Во 1920 година во Соедниетите Американски Држави, три години по Русија и Канада, но и 91 пред Саудиска Арабија, жените добија право на глас. На мапата се прикажани годините кога жените низ светот добиле право на глас.
Најмасовна поддршка на правото на глас на жените се случува во средината на дваесеттиот век, кога и жените во Македонија конечно го добиваат правото да гласаат, во рамки на тогашната Југославија. Но сепак, сите овие земји се далеку зад првата, Нов Зеланд каде жените имаат право на глас од 1893 година.
Картата е поставена на Редит и ги покажува годините кога жените станале подобни гласачи во секоја земја.
Но, сепак, оваа карта кажува само еден дел од приказната. Имињата на земјите обележани со ѕвездички означуваат ограничено право на глас, најчесто само за белите жени, или во врска со специфични состојби како што се сопствеништво на дом или брак.
Па така, на пример, Белгија во 1919 им даде право на глас на жените вдовици и мајки на војници убиени во Првата светска војна , или вдовици и мајки на војници „убиени од страна на непријателот“, но не ги прошириле истите права на сите жени се до 1948.
М. Ивановска