Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во јули годинава изнесуваше 2,4%, што е зголемување во однос на 2,3% во јуни. Во еврозоната, пак, инфлацијата во јули беше 2,0%, соопшти Евростат.
Највисока годишна инфлација е регистрирана во Романија (6,6%), Естонија (5,6%) и Словачка (4,6%), а најниска во Кипар (0,1%), Франција (0,9%) и Ирска (1,6%).
Во споредба со јуни 2025 година, годишната инфлација се намали во осум земји-членки, остана стабилна во шест и се зголеми во тринаесет.
Во јули годинава, најголем придонес кон годишната стапка на инфлација имаат од услугите (+1,46 процентни поени, п.п.), храната, алкохолот и тутунот (+0,63 п.п.), индустриски производи (+0,18 п.п.) и енергијата (-0,23 п.п.), пренесе МИА.