• Latest

Годишниот извештај на Народниот правобранител полн со забелешки за условите во казнено-поправните установи

June 24, 2022
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025
фото: скриншот МИА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор, таткото на загинатата Фросина Кулакова го напушти судењето и го нарече судот „мафија“

May 13, 2025
Фото: Скринчот од видео на The Breakfast Show

Подољак : Зеленски ќе се сретне само со Путин во Истанбул, разговорите на пониско ниво се бесмислени

May 13, 2025
Фото: Министерство за внатрешни работи

МВР: Со лажни е-маил пораки се злоупотребуваат имињата на македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив

May 13, 2025

Водач на руска шпионска мрежа осуден на 11 години затвор во Велика Британија

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа, со користење на скриншотови од видеа на NEWS 18 и CNN

„Тоа е поткуп“: И медиумските ѕвезди на MAГA го критикуваат Трамп за подарокот-авион од Катар

May 13, 2025

Преброени над 93 проценти од гласачките кутии во Албанија, Рама може сам формира влада

May 13, 2025
Фото: Фејсбук на Yesenia Lara Gutiérrez

Кандидатка за градоначалничка во Мексико застрелан за време на пренос во живо од предизборен митинг

May 13, 2025
Фото: Скриншот ФБ Таравари

Алијанса на Албанците на Таравари ја напушта Владата

May 13, 2025
Фото: Скриншот

Родриго Дутерте победи на изборите за градоначалник на Филипините додека е во притвор во Хаг

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Годишниот извештај на Народниот правобранител полн со забелешки за условите во казнено-поправните установи

June 24, 2022 15:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во затвореното одделение, се нехумани и деградирачки. Недостиг на пристап до вода, корупцијата се уште активна во сите затвори со посредство на службените лица, проблеми со сместувањето на женските лица во казнено поправните домови, многу психијатриски дијагнози со недостиг на детски психијатари. Ова се главните точки од Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам  за 2021 година, што на денешната прес-конференција ги презентира народниот правобранител, Насер Зибери, пренесува МИА.

– Половина од казнено-поправните установи се соочуваат со недостиг од сместувачки капацитети за осудените лица кои се упатени на издржување на казната затвор. Ова е случај со казнено поправните домови во Штип и Прилеп, како и со затворите во Скопје, Тетово, Струмица, Битола. Веќе со години наназад состојбата во КПД Идризово е повеќе од загрижувачка и далеку под сите минимум стандарди. Во оваа установа се наоѓаат повеќе од половина од сите осудени лица, а повеќе од петстотини лица или една четвртина од целокупната осуденичка популација се сместени во затвореното одделение и во т.н. одделение „амбуланта“, изјави Зибери.

Тимот на Наросниот правобранител констатирал дека се сместуваат и по 16 осудени лица во една просторија, па така на пример во просторија од 16,5m2  со 8 кревети биле сместени 16 осудени лица, а во друга просторија од 19m2  се сместени 12 осудени лица. Во голем број простории со неадекватни услови се сместуваат и по повеќе од девет осудени лица.

– Во оваа смисла, условите во коишто се сместени осудените лица во затвореното одделение, како и во т.н. одделение „амбуланта“, слободно може да се опишат како нехумани и деградирачки. Осудените лица во овој дел од казнено-поправнот дом беа затекнати како спијат на сунѓери на под, во ходници, на импровизирани метални кревети ставени еден врз друг на три ката. Хигиената е на исклучително ниско ниво, а просториите се полни со лебарки, бубашваби и тафтабити. Осудените лица, исто така се жалат и дека немаат ниту пристап до топла вода и можност за одржување личната хигиена, информираше народниот правобранител.

Во однос на материјалните услови, посочи дека загрижувачка е состојбата и во Затворот Скопје, каде и понатаму се користат простории што се наоѓаат во исклучително лоша материјална состојба, според Зибери, притворениците се сместени во простории со високо ниво на влага и мувла по ѕидовите, опремени со несоодветни кревети и душеци, со стар и дотраен инвентар, ниско ниво на хигиена, нефункционален санитарен чвор и расипани чешми.

Во Затворот Куманово осудените сѐ уште се жалат на пристапот до вода. Овој Затвор е пуштен во употреба во 2013 година, а проблемот со водата е актуелен од самите почетоци. Службените лица истакнуваат дека се преземени активности за надминување на оваа состојба, но осудените лица се уште полнат, чуваат и складираат пластични шишиња со вода во своите простории.

Поплаки за несоодветено однесување – дрзок, навредлив, стигматизирачки и понижувачки третман од страна на вработените биле добиени од осудени лица во повеќето казнено – поправни установи, а во три казнено-поправни установи биле добиени наводи за заплашување и закани, како и за физичко малтетирање. Сепак, голем број од осудените лица стравувајќи од негативни последици одбиваат официјално да ги пријават ваквите случувања.

За време на извршените посети во Затворот Скопје и  КПД Идризово, од тимот на НП констатирале практика на користење кожни ремени (лисици) врз осудените и притворените лица, што би можела да се подведе под поимот нехуман и деградирачки третман, а како сериозен предизвик на казнено поправните установи се наведува и психијатриската грижа, односно недостигот од истата, како и несоодветниот третман на лицата со нарушувања предизвикани од употреба на дроги.

– Оттука, подобрувањето на здравствената заштита и исполнувањето на целите предвидените со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем мора да биде приоритет на Министерството за здравство заедно со Министерството за правда, како една од клучните компоненти на реформите во затворскиот систем, вели народниот правобранител.

Според Зибери, од тимот на НП биле добиени информации дека внесувањето недозволени предмети во голем број случаи е извршено со посредство на службени лица, а исто така и дека преместувањето од една во друга казнено-поправна установа или пак, во други простории со подобри услови во иста установа многу често се врши со плаќање определен надомест за таквата „услуга“.

– Со оглед на ваквата фактичка состојба, институцијата Народен правобранител укажа на потребата од преземање на конкретни мерки со коишто ќе се осигура дека децата од женски пол на кои со правосилна одлука им е изречена воспитна мерка упатување во воспитно – поправен дом ќе бидат сместени во установа специјално дизајнирана за нив и нивните потреби, на еднаква основа како и децата од машки пол, изјави Зибери.

Материјалните услови во Воспитно – поправниот дом Тетово во најголемиот дел ги задоволуваат предвидените стандарди, а имајќи предвид дека се работи за објект којшто функционира помалку од две години, опремата и инвентарот се нови и сочувани.

– Сепак и во овој новоотворен објект опстојуваат старите проблеми, ниту едно од децата сместено не посетува формално образование, информираше Зибери, но, додаде дека од Министерство за образование и наука било истакнато дека се спрема програма за започнување на образовниот процес во 2022 година.

Во однос на прашањето за цените како услуга за внесување уреди во затворите, Зибери рече дека  не се впуштаат во тоа кој е износот на надоместокот за тоа, но неофицијално за внесување на еден телефонски уред изнесува од 200 до 500 евра зависно од местото на казнено-управната установа. Се разбира, таму се внесуваат и други средства како што се дрога и други недозволени средства.

Во врска со прашањето дали некој направил некаква контрола околу службените лица, да се проверат нивните домови или канцеларии, Народниот правобранител посочи дека неговиот мандат не е да води истрага или евентуално да казнува, туку да ги изнесе проблемите кои ќе ги воочи.

-Но, МВР при последната акција во затворот Идризово затекна вакви дејствија и презема соодветни чекори. Самиот министер за правда рече дека никој нема да биде изземен од одговорност, па и кривична, почнувајќи од директорите на установите до другите служби и затворските полицајци. Значи, доколку се утврди персонализирана одговорност таа треба да ја понесе секој без исклучок, рече Зибетри.

За прашањето што се случува во затворот „Скопје“ со најавениот и спроведениот штрајк со глад на пет затвореници кои се лишени од можноста да користат некои од погодностите, како што е викендот, посетата од нивните семејства, односно сопружници, Зибери кажа дека нивната препорака била дека тие лица не смеат да бидат лишени од тие права и погодности, и дека дале препорака дека да се преместат од затворот „Скопје“ во затворот „Идризово“.

Додаде дека затоа дури и се сомнева дека намерно се сместени во тој затвор за да бидат лишени од користење на тие погодности и затоа препораката е тие да се преместат во затворот „Идризово“ каде што постојат и услови и регулатива за користење на овие погодности.

За наводите за вршење на притисок врз вработените во казнено-поправните установи и дали Народниот правобранител има сознанија за состојбата во затворот во Струга и дали тие притисоци доаѓаат од носители на јавни функции, одговараше Александар Тренковски, советник за превенција од тортура и дел од тимот на Националниот превентивен механизам.

-Конкретно во КПД Струга не сме добиле информации од службените лица или пак од осудените лица дека не им биле овозможени некои погодности, ниту пак дека службените лица трпеле некои притисоци за да им овозможат на осудените лица одредени погодности. Нормално, можеби затоа што таму третманот е полиберален и тоа е установа – КПД од отворен вид, истакна Тренковски.

Во делот на КПД, додаде тој, најчесто осудените лица се соочуваат со притисоци да платат одреден надомест за да бидат преместени од установа со одреден вид во друга установа па дури и во рамки на истата установа во крила со подобри капацитети.

Во делот на притисоците што ги трпат службените лица тоа е нотирано за полициските службеници за време на посетите што ги вршиме во полициските станици нормално разговараме и со полициските службеници, информира Тренковски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ