Од многубројните изјави и извештаи кои денеска „долетаа“ од Софија, по серијата средби на македонскиот премиер Зоран Заев со бугарскиот државен врв, може да се извлечат неколку важни поенти.
Пред сè, направен е голем исчекор во македонско-бугарските односи. Тоа го напиша и македонскиот премиер Заев на својот Твитер профил, на крајот од денот исполнет со средби со бугарскиот политички и државен врв.
„Проблемот е билатерален, решението ќе биде билатерално. Имаме исчекор, низ отворен и искрен дијалог работиме да биде обезбедена европската перспектива на Северна Македонија. Самата средба со премиерот Стефан Јанев е чекор напред кон изнаоѓање решение, од интерес на двете страни“, објави Заев на Твитер.
Проблемот е билатерален, решението ќе биде билатерално. Имаме исчекор, низ отворен и искрен дијалог работиме да биде обезбедена европската перспектива на Северна Македонија. Самата средба со премиерот Стефан Јанев е чекор напред кон изнаоѓање решение, од интерес на двете страни. pic.twitter.com/DPccFQyOqg
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 17, 2021
Македонските и бугарските делегации потврдија дека се цврсто определени за пријателство меѓу двете држави, за „заедничко, најблиско пријателство“!
Понатаму, од двете страни на македонско-бугарските средби на највисоко ниво, соопштуваат дека работат и ќе работат на враќање на довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Неспорна е констатацијата дека македонско-бугарскиот дијалог е активен и ставот дека токму преку дијалог ќе бидат донесени решенија кои ќе обезбедат заедничка европска иднина за нашите народи, а пред сè, за младите на двете земји.