пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Со денешната оценка, ЕУ ѝ оддаде признание на Северна Македонија и напорите што ги вложија институциите и сите прогресивни сили во земјата, за да се отворат преговорите за полноправно членство во европското семејство.
Во сите области, каде што од добропознати причини имавме застои, е констатиран сериозен напредок – во владеењето на правото, функционирањето на правосудните органи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во администрацијата.
По разочарувањето и неправдата со недобивањето датум во октомври, не паднавме, туку си ги засукавме ракавите, зачекоривме уште порешително, и испорачавме. Покажавме, покажуваме, и ќе покажеме дека нè бива, дека можеме.
Честитки заслужуваат сите граѓани кои веруваат и придонесуваат, секој на свој начин, за нашата европска иднина.
Исклучок се оние што работеа и ќе работат и понатаму, секој за свој есап, нашиот напредок и таа европска иднина – да не се оствари. Денес е тажен ден за нив, затоа, нема смисла ни да им се честита.
#OliveryOverMaximum
#OdimeVoEU