Во 2017 година, промената можеби беше направена, но поинтересно беше она што може да воочиме за каква промена станува збор и на самиот почеток да воочиме некои грешки, за кои можевме да притиснеме во новата влада каде се забележаа одредени коруптивни појави, изјави Јасмина Голубовска, во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2018.
„Повеќе од кога било во изминатава декада граѓаните треба да бидат активни во контрола на власта поради тоа што системот кој се наследува може и да продолжи да трае. Тој систем нема да се промени доколку не се врши притисок од надвор, особено до граѓанското општество“, изјави Голубовска.
„Колку едно општество е демократско или има потенцијал да биде демократско се мери и по тоа како се однесува кон децата, старите лица, лицата со посебни потреби и кон животните, особено оние кои се беспомошни, им треба помош од државата. Во спортивно нема шанси да се постигне едно демократско општество“, истакна Голубовска.
Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество.
„Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов