• Latest

Ѓорѓе Иванов не знаел дека се планира упад во Собранието, ниту пак тој планирал воена состојба

February 11, 2021
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ѓорѓе Иванов не знаел дека се планира упад во Собранието, ниту пак тој планирал воена состојба

February 11, 2021 12:22
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Како тогашен претседател на државата од ниту една служба немаше информација за најава на организиран влез на толпата во Собранието на 27 април 2017 година“, изјави поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов сведочејќи на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прашан дали како поранешен претседател на државата имал информации за оневозможување на мирно примопредавање на власта на 27 април 2017 годиназ Иванов, категорично рече дека такви информации немал.

Што се однесува за изнесените информации за прогласување воена состојба на 27 април 2017 година, Иванов рече дека се што е поврзано со воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно.

„Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Целиот текст е небулоза, затоа што Уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и армијата“, рече Иванов.

Прашан како тогашен претседател на државата, каков бил неговиот став за граѓанското движење „За заедничка Македонија”, Иванов рече дека тој јавно неколку пати ги поддржал, преку негови јавни излагања и соопштенија.

„Движењето „За заедничка Македонија” произлезе како одговор на т.н. „Тиранска платформа” и изјавите дека Македонија како држава не треба да постои. Преку стотици иницијативи и барања од граѓани и членови на „За заедничка Македонија” доаѓаа и продолжија да доаѓаат до кабинетот на претседателот“, изјави Иванов.

На прашањето дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки.

„Советникот Синиша Алексовски кога се случија настаните на 27 април барав да се врати од службен пат. Кога се врати ми ја покажа фотографијата од Живаљевиќ и неговата комуникација за тоа што бара во Собранието, за што се покажа дека бил на барање на абасадата за да утврди дали имало и српски граѓани при упадот на Собранието“, рече Иванов.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и Биљана Бришковска Бошковски и Цветан Трипуновски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“./МИА/

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ