Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, изгласан во 2014 година, Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да биде укинат.
Судиите констатирале дека законот е уставно проблематичен, а одлуката ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник, со што и, укинатиот закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок.
Иницијативата со која се оспорува Законот за одредување и одмерување на висината на казната беше поднесена во септември од Христијан Георгиевски, адвокат од Куманово.
„По иницијатива на нашата адвокатска канцеларија „Георгиевски“, сметавме дека овој закон не е во согласност со уставниот поредок на Република Македонија и по начинот на овозможување на една правна кохезија со сите останати правни акти кои ја регулираат кривичната материја. Од тие причини, во соработка со останатите адвокати во нашата канцеларија поднесовме иницијатива до Уставниот суд за укинување на овој закон. По разгледување на нашата иницијатива, денеска судот донесе одлука за негово укинување“, изјави Христијан Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа, потенцирајќи дека принципот на слободно судиско уверување повторно се враќа на сила,по неколкугодишното уназадување во одмерувањето на казните како суверено и самостојно подрачје на самите судии.
Биљана Јордановска