• Latest

Граѓаните мора да бидат гласни против градежната мафија

April 28, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните мора да бидат гласни против градежната мафија

April 28, 2018 11:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанките и граѓаните на општина Карпош најавуваат протест на 4 мај со почеток во 15 часот пред Уставен суд со цел итно решавање на предметите за спорните ДУП-ови.

„За истите ДУП-ови бараме стопирање на сите дејствија што произлегуваат од тие акти, односно запирање на сите градби што се во тек. Затоа е многу важно што поскоро да се донесат. Меѓутоа судиите некако решаваат да водат предмети што не се толку важни, според нас, поднесени по нашите претставки и затоа мораме да бидеме многу гласни“, изјави Невена Георгиевска, подносител на неколку претставки за оспорување на ДУП-овите за Карпош 4 до Уставниот суд.

„Нам граѓаните ни е оставено дека ништо не можеме да направиме и дека сме немоќни пред градежната мафија и пред правниот лавиринт. Пред изборите ветија дека сѐ ќе биде стопирано, дека во моментот рацете им се врзани со законите. Ние несе помиривме со тоа и сами ги најдовме пропустите во законот и сами како граѓани и преку иницијативи поднесовме претставки“, додаде Георгиевска.

„Во случај судот да одлучи под некои ненормални услови, тоа би значело целосно бетонирање на просторот во оној дел  од каде Карпош 4 и Карпош 3 добива воздух, а знаеме загадувањето, особено во грејните месеци колку е големо… тој дел ќе биде тотално блокиран. Не е само во прашање на загадување на воздухот туку  и со недостаток на вода и поплави во одредени периоди во годината бидејќи се гради покрај Вардар. Тука не случајно е оставен. според урбанистичко планирање, просторот покрај Вардар да не се гради… Да не зборуваме колку жители дополнително ќе се населат во тој простор… зборуваме за ресурсите, но и за хумано живеење во општината“, изјави Татјана Чулев, еден од подносителите во име на граѓанските иницијативи пред Уставен суд за четири ДУП-а на цела територија на општина Карпош.

Соговорничките ги повикаа граѓанките и граѓаните да излезат масовно на протестот и да покажат дека нема да се откажат од своето право  на живот во здрава и хумана средина.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: градежна мафијаДУПКарпошПротестУставен суд
Share152TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ