• Latest

Граѓаните половично информирани за работата на Собранието

August 23, 2019
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните половично информирани за работата на Собранието

August 23, 2019 13:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните се поделени во однос на нивната запознаеност со работата на Собранието, покажуваат наодите од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието за периодот јуни 2018 – април 2019 година, спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во периодот од 12-26 мај, годинава на 1.000 испитаници, пишува МИА.

Како што истакна на денешната средба со новинари Влора Речица проектен менаџер во ИДСЦС, речиси половината или 49 проценти од испитаниците се изјасниле дека се делумно или целосно запознаени со работата на Собранието, а 50 проценти одговориле дека малку или воопшто не се запознаени со неговата работа.

„Од темите кои се дискутирале граѓаните најмногу се запознаени со уставните промени и со дискусијата за Договорот од Преспа, а најмалку со јавните расправи кои се случија во Парламентот во посочениот период. На прашањето дали сметаат дека Собранието е отворено, за жал, само една третина од испитаниците смета дека Собрането е отворено за јавноста. Оценката, пак, која Инситутот секоја година ја дава за Собранието, а која произлегува од перцепциите на граѓаните на скалата од 1 до 5, каде 5 е најдобро, оваа година е 2,9 што е зголемување од 2018 година“, вели Речица.

При тоа, додава, речиси две третини или 59 проценти од испитаниците одговориле дека најчесто се информираат преку телевизија, 15 проценти се информираат од интернет преку социјални медиуми, девет проценти информациите ги добиваат преку инетренет поиртали за вести, само три проценти одговориле дека информациите ги добиваат од Собранискиот канал, додека ниеден не се информира од веб страницата на Собранието. Од анкетираните девет проценти одговориле дека не сакаат да се информираат за работата на Собранието, односно дека не ги интересира.

Перцепцијата на граѓаните е и, вели Речица, дека партениците секогаш ги претставуваат личните, партиските или бизнис интересите во носењето на закони. Имено, над две третини (72%) од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси (78%). Речиси половина од испитаниците (46%) сметаат дека пратениците никогаш не ги застапуваат интересите на граѓаните.

Од испитаните 62 отсто сметаат дека Владата има контрола врз Собранието, 17 отсто дека Собранието има контрола врз Владата (како што е предвидено според Уставот), а 20 отсто од анкетираните немаат мислење по оваа прашање.

Извештајот за квалитетот на дебатата, пак, истражување кое Институтот го спроведува од 2014 година, покажува дека во првата половина од годинава Собранието ја добива оценката 6, на скала од 1 до 10, што за жал, вели Речица, е само преодна оценка за да го помине испитот и покажува дека дебата е сеуште на ниско ниво.

„Загрижувачки е што во 32 проценти од дебатите пратениците немаат ниту еден аргумент, а во повеќе од 40 проценти има слабо аргументирање. Само во еден процент од дискусијата пратениците користеле повеќе од два аргумента. Добар податок е тоа што во 28 проценти од дискусијата имало соодветно адресирање на аргументите од претходните говорници, што е пораст од 2018 година“, вели Речица.

Се препорачува во наредниот период да се работи на информираноста на граѓаните за работата на Собранието, каде медиуите велат имаат многу важна улога, бидејќи 59 отсто од нив се информираат преку телевизијата. За поаргументирано дискутирање во Собранието се нагласува, потребно е во иднина да се работи со пратениците на нивните реторички вештини, што зависи од нивната волја, а медиумите и граѓанското општетство може да помогнат со обезбедување податоци од истражувања.

Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ