• Latest

Граѓаните повеќе веруваат на лажни вести и политичка заштита отколку во институциите

August 25, 2020

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните повеќе веруваат на лажни вести и политичка заштита отколку во институциите

August 25, 2020 14:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Корумпираните медиуми се директна рута за странско штетно влијание во општеството, во кое расте поделбата поради социјалната нееднаквост, ниската доверба во институциите и политичкиот фаворитизам. Тоа е сублимирана оценка на четири анализи, студии и истражувања на НАТО Центарот за извонредност во стратегиските комуникации (Стратком), спроведени во период од една година во шесте земји на Западен Балкан. Македонија, по Албанија, е најмалку загрозена од странски влијанија во сферата на општествените односи, но Стратком го оценува како „критичен“ ризикот во подобластите „држава и праведно општество“ и „медиуми и граѓанско општество“.

Стабилноста на Албанија, Стратком ја објаснува со „силна внатрешна општествена кохезија, идентитет и стратегиска ориентација“. Релативно ниската оценка на ризик за општествен ризик од странски штетни влијанија во Македонија, пак, се објаснува со тоа што студијата и анкетите се правени релативно брзо по потпишувањето на Преспанскиот договор, кој „ја отклучи НАТО-интеграцијата на Македонија и за кој се оценува дека има клучна улога во отворање на вратата за преговори со ЕУ“.

Стратком оценува и дека, иако не на исто ниво како во Албанија, и во Македонија постои кохезија „кога се работи за западната ориентација на земјата, што го прави општеството отпорно на антизападни агенди и наративи“.

„Но, сепак, често корумпираните медиуми сè уште се канал за такви наративи. Области за најголема загриженост, со индекс од повеќе од 2,25, се политичкиот фаворитизам, социјалната нееднаквост и ниската доверба во јавните институции“, се оценува во анализа за ризикот за странски влијанија, каде оценката 1,5 е стабилна состојба со мал ризик, 2 е загрижувачка, а 2,25 е состојба во која се неопходни итни мерки.

Аналитичарите предупредуваат дека растечката поделба во општествата во земјите од Западен Балкан се одразува на сите сфери на животот, а „низ сензационалистички медиум се протураат наративите на раздор и самовиктимизација, што е можност која Русија широко ја користи“.

„Медиумите и понатаму се најдиректна рута за малигно влијание врз општествата, и токму тоа е област каде сите земји имаат оценка од 2 или повеќе. Таквата висока оценка за ранливоста во медиумскиот сектор овозможува непријателски актери да влијаат во регионот преку манипулирање со информации. Медиумите и граѓанското општество не успеваат правилно да ја предупредат широката јавност или да и помогнат да се справи со манипулациите“, се наведува во студија за странско влијание во медиумските наративи, во која во период од една година биле анализирани 7.193 медиумски прилози во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.

Како критични проблеми во подобласта „држава и праведно општество“ се издвојуваат заклучоците: „многу луѓе веруваат дека јавните институции или јавните сервиси не работат за да им помогнат или не прават доволно за нив“ и „значаен дел од населението верува дека може да се успее само ако се има политичка поддршка или закрила“.

Во подобласта „медиуми и граѓанско општество“, пак, критични констатации се: „лажните или наведувачки политички и медиумски приказни често добиваат повеќе видливост отколку оние за нивно објаснување и разоткривање“, „новинарите и активистите често се етикетираат како странски шпиони, платеници или слуги на странски сили кои сакаат да ја дестабилизираат земјата“, „медиумите и граѓанското општество не успеваат во обидите да ја предупредат или подготват широката јавност да биде отпорна на медиумски манипулации“ и „националистички и антизападни погледи пласирани од нови или малку познати извори често стануваат вирални на социјалните мрежи“.

извор МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ