ЦИВИЛ денеска го покренува прашањето за мерките за заштита од коронавирусот. Граѓанките и граѓаните се поканети да учествуваат во креирањето на мерките, како што имаат право да учествуваат во креирањето на политиките и практиките во целост.
Прашањето денеска гласи: #ГраѓанскиФорумЦИВИЛ: Дајте го своето мислење, забелешки и препораки за мерките за заштита од коронавирусот. Што е добро, што не е и што треба да се направи?
https://www.facebook.com/civil.mk/posts/3311496225635490
Одговорите може да се дадат во коментар на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ или во директна порака. Тие што немаат профили на социјалните мрежи или не го сакаат тој начин на комуникација, можат да се обратат до организацијата по електронска пошта на адреса: [email protected] со назнака #ГраѓанскиФорумЦИВИЛ.
ЦИВИЛ со децении е платформа каде што сите граѓанки и граѓани имаат можност да ги искажат своето ставови, да критикуваат или да дадат предлози за решенија по најважните прашања во општеството. На почетокот на август оваа можност е формулирана под називот Граѓански форум на ЦИВИЛ.