• Latest

Граѓанскиот суд донесе пресуда против Здружението „Од нас за нас“ за сторена клевета против ХЕРА

March 31, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Граѓанскиот суд донесе пресуда против Здружението „Од нас за нас“ за сторена клевета против ХЕРА

March 31, 2022 13:44
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На 3 февруари 2022 година, Граѓанскиот суд Скопје донесе пресуда против Здружението „Од нас за нас“ за сторена клевета против ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација поради континуирано изнесување невистинити факти за самата организација и за сеопфатното сексуално образование преку неговата Фејсбук-страница. Поточно, Граѓанскиот суд потврди дека невистините изнесени од страна на „Од нас за нас“ се штетни за угледот на ХЕРА како организација која повеќе од 20 години работи на подигање на јавната свест, особено кај младите, за важноста од добивање научно-засновани информации за нивната безбедност, благосостојба и репродуктивно и сексуалното здравје. Токму поради ова, Судот го задолжи Здружението да ја отстрани лажната содржина од својата Фејсбук-страница, информираат од Хера.

Судот постапуваше по тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета што ХЕРА ја поднесе лани, по првиот бран лажни и манипулативни информации за неа и за сеопфатното сексуално образование што се појавија во одредени групи на социјалната мрежа Фејсбук. Оттогаш вакви невистинити информации се креираат и споделуваат уште поактивно со една единствена цел – да се предизвика страв и паника кај граѓаните, поради што Судот одлучи дека треба да бидат отстранети од социјалните мрежи.

Оттука, апелираме до сите граѓани, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации коишто на Фејсбук ги споделуваат здружението „Од нас за нас“ и нему сличните. Иако се претставуваат како заштитници на правата на децата, нивните објави за сеопфатното сексуално образование се полни со ксенофобија, расизам и нетолеранција и се базирани на теории на заговор поради што го загрозуваат јавното здравје и се косат со правото на децата да имаат пристап до точни информации, како и до знаења и вештини кои во иднина ќе им овозможат да бидат побезбедни и поздрави.

Од неодамна овие чинители се дел и од т.н. Коалиција за заштита на децата меѓу чии партнери има организации и политички партии коишто се против правото на абортус и репродуктивната слобода, како и лице за кое Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веќе даде мислење дека сторило продолжено и повеќекратно вознемирување, со што се поттикнува омраза кон одредена маргинализирана група во општеството. 

Потсетуваме дека сеопфатното сексуално образование придонесува во заштитата на здравјето и за правилен емоционален развој на младите. Преку него, младите стекнуваат информации за своите граѓански права и за правата на сите останати граѓани во земјата, учат како да препознаат и да се заштитат од вознемирување и насилство, вклучително и на интернет. Учат и што значи да постои рамноправност меѓу мажите и жените и како да се грижат за своето сексуално и репродуктивно здравје. Сеопфатното сексуално образование е препознаено и од многу меѓународни организации, Советот на Европа и агенциите на ООН како неопходно во борбата против родовите стереотипи и насилството врз жените и децата, но и како образовна алатка за заштита на здравјето, заради што и фигурира во низа препораки што ѝ се дадени на нашата земја. Дека овие теми се суштински важни за развојот на децата потврдуваат и нашите истражувања и искуства од терен, собрани преку долгогодишната програма за неформално сеопфатно сексуално образование и тоа не само од младите, туку и од родителите и наставниците. 

Токму затоа, ХЕРА ќе продолжи да следи како се објавуваат содржини за сеопфатното сексуално образование на социјалните мрежи и силно ќе се спротивстави на какви било лаги, манипулации и теории на заговор кои, на крајот на краиштата, најмногу им штетат токму на децата и младите. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ