• Latest

Граѓанско учество, укинување на привилегиите и други иницијативи на ЦИВИЛ

August 16, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Граѓанско учество, укинување на привилегиите и други иницијативи на ЦИВИЛ

Прв дел од прегледот на активните иницијативи на ЦИВИЛ

August 16, 2020 14:24
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ е органзиација што во својата визија и мисија, како и во Статутот ги има втемелено човековите права и слободи, мирот и конторола на оружјето, проширувајќи го корпусот на делување во специфични области како гласачкото право, зелените вредности, промовирање на европските вредности, родовите прашања, граѓанското учество и делување, слободата на говорот, социјалната правда, борбата против национализмот, корупцијата, лажните вести, дезинформации и говорот на омразата.

ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ ПОЛИТИКИ

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси секојдневно пристигнауваат голем број пораки со препораки и барања до идната влада, коишто се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

ДЕН НА ГРАЃАНСКИОТ ПРКОС

Почетокот на Шарената револуција е денот кој ќе остане запаметен во историјата како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да му се случи на македонското општество. Овој датум е замислен како ден на кој ќе се сеќаваме на сите прогресивни граѓански иницијативи и кампањи, на граѓанските протести низ годините против недемократските политики и практики.

Со цел да ги одбележи сите граѓански протести за човекови права, слобода, правда и еднаквост, ЦИВИЛ во 2018 година започна иницијатива за одбележување на 12 април како Ден на граѓанскиот пркос. Иницијативата е доставена и до Собранието на РСМ, но таа најмногу се однесува на граѓанките и граѓаните, без оглед на тоа дали овој датум ќе биде прифатен и признаен од политичарите и институциите. Оваа иницијатива ја поддржа и претседателот Стево Пендаровски.

УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Иницијатива за укинување на привилегиите на функционерите која ја поддржаа илјадници граѓани пред една година, на 17 мај 2019 година беше преточено во барања кои организацијата ги достави до Собранието и се однесува на укинувањето на привилегиите на поранешните и сегашните функционери. По конституирањето на Парламентот на 4 август, организацијата повторно ја актуелизише Иницијативата.  ЦИВИЛ веќе ја подготвува ревидираната листа од барања и ќе ја достави до Собранието во текот на идната недела.

ПРАВО НА ГЛАС И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО

Во областа на заштитата и остварувањето на гласачкото право, ЦИВИЛ ја поведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи, за да им даде поттик на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули. Изборите нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштитата на јавното здравје е приоритет. Затоа, ЦИВИЛ повика на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето. На иницијативата се преклучија и ја поддржаа познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознаа важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули.

ЦИВИЛ ја согледува потребата од јакнење на јавната свест за правото на глас (Универзална декларација за човекови права, член 21) и спроведува долгорочни активности за граѓанска едукација за правото на глас и граѓанското учество.

ЗЕЛЕНИТЕ

Во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“ ЦИВИЛ работи на прмоција и јакнење на свеста за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.  Преку концепти што ќе придонесат за нивно разбирање и нивната поврзаност,  не само од јавноста, туку и од носителите на одлуки и засегнатите страни, ЦИВИЛ го трасира патот на вистинско зелено движење кое ќе направи значителни промени во перцепцијата, но и делувањето во областите што ги опфаќаат зелените вредности, вклучително и решавање на клучните проблеми поврзани со заштита на животната средина, урбанизмот и одржливиот развој што ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на граѓанките и граѓаните, нивната лична слобода, здравје, среќа и човечко достоинство.

ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Еден од клучните документи по кои се води ЦИВИЛ е Универзалната декларација за човекови права, усвоена од ОН во 1948 година, која произлезе од искуството во Втората светска војна и потребата за заштита на основните права на човекот насекаде во светот. Првиот член на Декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ ги гарантира правата и слободите на секој човек без оглед на неговата припадност или потекло.

Не случајно во областа на граѓанските и политички права ЦИВИЛ поведе иницијатива за прогласување на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, како Ден на човековите права во нашата земја кој нема само пригодно да се одбележува од граѓанските организации, туку ќе биде ден на промоција и отчет на институциите и политичките структури за нивните напори и активности за подобрување и промоција, како и активно делување во духот на почитувањето  на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ води и низа други иницијативи и проекти во кои граѓанското учество, не само што е добредојдено, туку и пресудно за јакнење на демократијата и човековите права и слободи во земјата.

Б. Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ