• Latest

Грашок-интелигенција

December 22, 2018

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Грашок-интелигенција

December 22, 2018 12:52
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ФБ – прозорец кон светот, поле на информации, мудрости, настани, пронаоѓање на пријатели, склучување на нови пријателства, споделување среќни моменти, честитки….

Зоран Џамбаски

Споделување на мислења, критики, полемики….

Споделување на научни откритија, поучни стории, …

Арно ама, и страница за негативности, за глупости, ширење на омраза, навреди невидени и нечуени пцости…!

Коментари и прашања на споделени написи, колумни, информации… Позитивни и негативни.  Вокабуларот = УЖАС, ГРОЗОТА!

Лепезата е широка.

Поедини лица, дури и не читајќи како што е напишано, и не сфаќајќи дека тоа е личен став или коментар, без никаква навреда ниту кон нив ниту било кој друг, почнуваат да навредуваат, да пребројуваат фамилија…!!!

И зошто така –  ни самите не се свесни???

ПРИМЕР, само за едно просто прашање: „Од каде сега Источна Македонија, а се протестира против име Република Северна Македонија,….“? (Наместо тоа, нели поадекватно е источен регион, или источен дел на Република Македонија, та не ни е државата поделена на Источна и Западна).

Е само заради ова прашање, криејќи се под ЛАЖЕН ИДЕНТИТЕТ, (така дури и полот го промени), едно лице, кон мене почна да фрла копја и стрели, затруени со вулгарности.

Користејќи толку гнасни зборови, кои одговараат на неговата ГРАШОК-ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, почна со навреди, почна да лепи разни етикети… Ниту самиот не знае зошто… со што го навредив, што беше навредливо во прашањето? Но не е чудно, оти неговиот испран мозок не може да разликува ден од ноќ. Брзо го детектирав, иако беше под маска!

Бидејќи цел живот некој друг му кажувал што и како да прави: како да се однесува, кој учител или учителка мора да го учи (оти тој/таа била најдобра), со кого да се дружи… Бидејќи е од „фамилија“ (дел перманентно во ВМРО, дел во СДСМ – секогаш некој со владејачката гарнитура), мора да биде распореден на раководна функција  (секретарче, директорче…), а негово е само да се појавува на настани, никогаш и ништо свое не предложил или поддржал, ако не е од лидерот. Нема инвентивност, иницијативност или иновативност, нема свое мислење, а за да се оправда „довербата“ за доделените позиции, нормално, мора на ФБ да ги постира сите објави од лидерите. Ама негов коментар… НЕ! Нема!

Но исто така, во време на режимот, власта му овозможи да ползува субвенции и најповолни кредити од типот на оние „за млади брачни парови“ и слични привилегии, и тоа мора да го оправда.

Штом некој ќе искоментира нешто што не е во склад со мислењата на неговите, кај него проработува „ПАВЛОВИОТ ЕФЕКТ“. Почнува да лигави!

Фрла копја и стрели затруени со вулгарни навредливи зборови, од речникот својствен на неговото „воспитување“. Иако само ве знае, но не ве познава, почнува да се занимава со вас и вашето минато.

Мора така да постапува, бидејќи се надева дека режимот ќе се врати и пак ќе добие „висока“ фотелја, мислејќи дека така и паметот ќе му биде на повисоко ниво…

Таков испран мозок не може да го просветли ниту првиот Апостол на Исус Христос, Свети Андреј, ниту пак неговиот брат Свети Петар!!!

Ако сакате да полемизирате со таквите, треба да се спуштите на нивно ниво, ама тука ќе ве победат на ИСКУСТВО, па од тие причини не сакав да се замарам со таквата мизерија!

После ова, кој ли ќе биде првиот коментар на дотичниот или сличните на него?

 

Авторот е полковник во пензија.

 

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ