• Latest

Герберих: Помирувањето е можно ако во прв план се заедничките наместо националните интереси

November 12, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Герберих: Помирувањето е можно ако во прв план се заедничките наместо националните интереси

November 12, 2017 11:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 11 ноември 2017 (МИА) – Германија и Франција покажаа дека е можно да постои мир помеѓу нации кои претходно војувале меѓу себе и дека тоа функционира, бидејќи не беа во прв план националните интереси, туку заедничките интереси, порача германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих на комеморацијата што се одржа денеска на германските гробишта во Прилеп по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, со што им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна.

– Ги посетивме француските гробишта во Битола, сега се наоѓаме на германските гробишта во Прилеп. Целта е да се потсетиме и да ги споменеме загинатите. Со ова сакаме уште еднаш да воочиме дека е можно да постои мир помеѓу нации кои претходно војувале меѓу себе и да покажеме дека тоа функционира, бидејќи не беа во прв план националните интереси, туку заедничките интереси, рече амбасадорот Герберих.

Како што информираа од општина Прилеп, на германско-француската комеморација се обрати и Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција.

– Светот сеуште е жртва на насилство, вооружени конфликти и ограничување на слободата. Луѓето страдаат и умираат и се принудени да бегаат. Нашиот одговор на тоа е дека мораме да ја развиваме нашата способност за помирување, порача амбасадорот Тимоние.

Делегациите венци цвеќе положија и на спомениците подигнати во чест и спомен на загинатите бугарски и руски војници во Првата светска војна, чии тела се погребани на германските гробишта во Прилеп.

На комеморацијата присуствуваа и положија венци цвеќе и делегации од Собранието на Република Македонија, од Општина Прилеп, од АРМ, дипломатскиот кор во Македонија и здруженија на граѓани. 

Во рамките на одбележувањето, вечерва во Битола, Данги де Дезер, внук на загинатиот полковник Ордиони, учесник во Источниот фронт, ќе ѝ презентира на јавноста дел од активностите за објавување на писмата што неговиот дедо ги напишал на фронтот од 1917 и 1925 година.

Според најавите, во понеделник во хотелот „Епинал“, францускиот амбасадор Тимоние ќе го отвори таканаречениот „научен ден“ посветен на Источниот фронт. На конференцијата што ќе се одржи на тема: „Балканските општества во Првата светска војна“ ќе учествуваат експерти од Македонија, Франција и други држави од регионот.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: ГерберихГерманијазаеднички интересМакедонијапомирувањеТимониеФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ