• Latest

Грковска: Битката за мирот е подалекусежна, таа е и за правото, правдата и демократијата

February 26, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грковска: Битката за мирот е подалекусежна, таа е и за правото, правдата и демократијата

Изразувајќи ја солидарноста со Украина, Грковска истакна дека се надева дека не е далеку денот кога ќе одбележиме крај на војната, и дека наскоро заедно со Украина ќе бидеме дел од европското семејство.

February 26, 2024 11:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинците две години му покажуваат на светот дека битката за мирот е и подалекусежна борба, таа е борба за владеење на правото и правдата, а функционалната демократија е браникот од владеењето на деструктивните режимите со акумулирана моќ, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, во своето обраќање на мултимедијалната конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Изминаа две години од бруталната агресија на Русија врз Украина. Денес сме тука да им дадеме поддршка, да им одадеме признание за нивниот непокор. Украинците во овие две години му покажуваат на светот дека битката за мирот, е подалекусежна борба, таа е битка за правото и правдата. Оваа војна уште еднаш покажа дека режим кој убива за да опстои, режим во кој владеат тесните интереси на малкумина, по цена на животите и на својот и друг народ, најмногу е против демократијата и владеењето на правото. Оваа лекција не потсетува колку е важна функционалната демократија.“. истакна Грковска.

Изразувајќи ја солидарноста со Украина, Грковска истакна дека се надева дека не е далеку денот кога ќе одбележиме крај на војната, и дека наскоро заедно со Украина ќе бидеме дел од европското семејство.

Конференцијата се одржува денеска во Музејот на македонската борба за независност.  Меѓу говорниците на конференцијата во првиот дел беа и македонскиот претседател Стево Пендаровски, Амбасадорката на Украина Лариса Дир, премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, министрите Бујар Османи и Славјанка Петровска и други високи претставници на државните институции.

Во втората сесија на оваа ќе говорат дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.

Во музејот се поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.

Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.

А. В.

 

Tags: Години на хероизмотСлавица Грковска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ