• Latest

Грковска – Леоск: Северна Македонија и Естонија ќе ја продлабочат добрата соработка, естонското искуство во делот на дигиталната трансформација е од големо значење

June 14, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грковска – Леоск: Северна Македонија и Естонија ќе ја продлабочат добрата соработка, естонското искуство во делот на дигиталната трансформација е од големо значење

June 14, 2022 15:41
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Талин, Естонија имаше состанок со амбасадорката за дигитализација во естонското Министерство за надворешни прашања, Неле Леоск, со која разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во делот на естонското искуство во процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од Владата.
На состанокот се разговараше за иницијативата што ја покрена вицепремиерката Грковска, која беше прифатена на владина седница одржана во мај, а  се однесува на потпишување на Меморандум за соработка меѓу Република Северна Македонија и Естонија, кој ќе овозможи интензивна соработка и комуникација на двете земји, во делот на дигиталната трансформација на општеството за што Естонија се лидери во светот.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за досегашната меѓусебна соработка, која, како што рече, за Северна Македонија е од голема помош. Таа потенцираше дека од клучно значење е во процесот на дигиталната трансформација да имаме систематски и организиран процес, кој ќе овозможи координиран пристап на сите институции и рационално користење на сите ресурси што ги имаме.

Амбасадорката Леоск нагласи дека Естонија е отворена да ги сподели сопствените искуства во делот на дигитализацијата, со оглед на тоа што, како што рече, потребите на земјите во овој дел се слични.

Двете соговорнички договорија на почетокот на наредниот месец да одржат заеднички онлајн состанок на кој подетално ќе се разговара за евентуална соработка со GovStack, заедничка иницијатива раководена од естонското Министерство за економска соработка и развој, GIZ, Сојузот за меѓународни комуникации и Алијансата за дигитално влијание, која меѓудругото има задача да им помогне на владите во другите земји да обезбедат брза и ефикасна дигитална трансформација на општеството.

Во рамките на работната посета на Талин, Естонија, вицепремиерката Грковска го посети и НАТО центарот за кооперативна сајбер одбрана во Талин, кој им дава интердисциплинарна поддршка на земјите членки на НАТО, но и на други држави кои не се дел од НАТО сојузот, но можат да бидат дел од овој Центар. Во фокусот на овој центар не е воената поддршка, туку поддршка во делот на сајбер одбраната, тренинзи и вежби во областа на технологијата, стратегијата и законодавството. Овој центар обезбедува поддршка и за реалниот сектор кој има значајна улога во градењето на дигитално безбедно општество.

Вицепремиерката Грковска утре ќе учествува на Форумот за дигитална безбедност на Западен Балкан, на кој ќе се разговара за сајбер безбедноста во регионот како и за најдобрите европски практики во областа. На Форумот ќе учествува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, министерот за претприемништво и информациска технологија на Естонија, Андрес Сут, македонскиот министер за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како повеќе експерти од областа од Западен Балкан и Европската Унија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ