• Latest

Грковска: Сѐ уште има доволно време случаите од СЈО да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура

October 18, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Грковска: Сѐ уште има доволно време случаите од СЈО да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура

October 18, 2023 11:54
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е предмет којшто пет години се водеше во судските лавиринти, уште повеќе Апелација неоправдано го држеше девет месеци и бевме свесни дека е близу до ризик од застарување уште минатата година кога се случи одлуката на Апелација, изјави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со одлуката на судот вчера за запирање на кривичната постапка за нелегалното прислушување – случај Таргет-Тврдина, за застарувањата на други кривични дела што произлегуваат од измената на Кривичниот законик и за ниската доверба на граѓаните во судството.

Грковска во изјава за медиумите рече дека изразила резерва кога на седница на Влада се предлагале измените на Кривичниот законик токму поради ваквите, како што рече, „можни последици од носењето на таквите решенија“.

-И претходно го изразував своето разочарување за калкулантството на правосудниот систем и неефикасноста. Ако се сеќавате, мојата реакција беше прилично остра тогаш, како резултат на тоа имаше постапка за утврдување на одговорноста на двајца судии за кои се покажа дека неоправдано го држеле девет месеци овој предмет. Заради таквото однесување на правосудниот систем, за жал, ние бевме сведоци и во март годинава за истото лице да застари предмет кога судија го одложи наредното рочиште, неколку дена по датумот кога застарува предметот за истото лице, рече Грковска пред почетокот на тркалезна маса на која беше презентирана анализа „Преглед на законската рамка и праксата во назначувањето директори и раководни лица: предизвици и можни решенија“.

Таа смета дека сѐ уште има доволно време, и по толку години, случаите од Специјалното јавно обвинителство да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура.

-Апелирам на одговорност на правосудните органи затоа што сѐ уште има доволно време, после толку години, случаите од Специјалното јавно обвинителство да се процесираат и во една ефикасна и правична процедура да завршат и правосудните органи да покажат дека судат исклучиво по закон, без разлика на тоа за кого станува збор. Како што изјавив и пред извесно време, и сега повторувам – да не се однесуваат како поголеми политичари од политичарите, рече вицепремиерката.

Посочи дека биле преземени конкретни активности „да се надминат одредени процеси“ поради кои е ниска довербата во судството.

– Во еден дел имаше прогрес, но по сѐ што се случи со Судскиот совет и тој мал прогрес што се направи падна во вода поради таквото однесување и губење на кредибилитетот, додаде Грковска.

На прашањето дали државниот буџет ќе може издржи согласно одлуката дека на негов товар ќе бидат трошоците за водењето на кривичната постапка на делата што застаруваат, таа одговори дека не знае ниту може да предвиди колкава би била таа сума.

-Една од моите задршки беше и тоа. Ниту имам предвид кои случаи би можеле да бидат опфатени со ваквите законски решенија, ниту, пак, колку тоа би можело да чини. Навистина не знам да одговорам на ова прашање, рече Грковска.

Според Миша Поповиќ, автор на истражувањето што беше презентирано денеска, застарувањето на кривичните дела ќе ги  обесхрабри граѓаните да се вклучат во борбата со корупцијата затоа што тоа, рече тој, „сугерира дека ништо не може да се направи во борбата со корупцијата“.

-За жал, тоа и на реформистите во Владата, на невладиниот сектор и на независните медиуми не им помага во борбата, изјави Поповиќ.

Tags: ГрковскаСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ