• Latest

Грковска: Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е предизвик за целиот регион, заедничките иницијативи се корисни за сите

December 7, 2023
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Грковска: Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е предизвик за целиот регион, заедничките иницијативи се корисни за сите

December 7, 2023 16:11
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со јавните набавки се поврзани најголемите ризици за корупција. Неопходно е да се изгради долгорочен и одржлив систем за превенција, којшто нема да трпи промена со секоја промена на власта, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на дискусијата за состојбата со јавните набавки во Западен Балкан, организирана од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Отворениот форум за антикорупција, кој се одржа денеска во Скопје во пресрет на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Таа посочи дека покрај добрата законска регулатива, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, потребни се и подготвени институции, кои ќе имаат стручни лица во делот на јавните набавки и добри услови за работа за да можат да одговорат на предизвиците со кои се соочени.

-Во законот не може да предвидите сè, еден дел останува на совеста и свеста на сите чинители за тоа како тие го почитуваат законот и како постапуваат, изјави таа и додаде дека во нашата земја Бирото за јавни набавки е телото кое треба навремено да ги детектира сомнителните процеси, но секоја институција која врши јавни набавки, мора да има стручни лица кои ќе се грижат за целиот процес да биде во согласниот со законските и подзаконските акти.

Водејќи се од потребата за зајакнување на индикаторите за корупција, вицепремиерката Грковска информираше дека се преземени низа активности во насока на зајакнување на системот на алармирање на Бирото, за евентуални неправилности (црвени знаменца) во јавните набавки. Со таа цел е воспоставена соработка со Националната антикорупциска агенција на Италија, која има создадено ефикасен систем на индикатори за ризици од корупција во конкретни постапки на јавни набавки. Во оваа прилика, се посочува, Грковска ја истакна и својата силна заложба за објавување на податоците од регистарот на вистински сопственици во постапките за јавни набавки, кое е исклучиво во насока на превенирање и зајакнување на контролниот механизам за злоупотреби на јавните набавки.

На настанот беше презентиран Годишниот извештај за компаративна евалуација за јавните набавки во земјите од Западен Балкан, кој го изработува коалицијата на граѓански организации од регионот – Balkan Tender Watch.

Осврнувајќи се на извештајот, Грковска посочи дека состојбата на ова поле во земјава е слична со останатите земји од Западен Балкан и истакна дека споделувањето на знаења и барањето заеднички мерки и механизми за спречување на коруптивните елементи во јавните набавки, ќе имаат придонес на регионално ниво. Според неа, посебен предизвик се ситуациите кога сѐ е формално правно запазено, меѓутоа е очигледно дека има изигрување, што се согледува и во резултатот од истражувањето за намалениот број конкуренти при аплицирањето за јавни набавки, а што, исто така, се додава, укажува на еден вид корупција.

-Неопходен е и силен правосуден систем со интегритет за секој сомнеж за злоупотреба на јавните пари да биде истражен и соодветно процесиран. Без овој ланец на сите институции, ние не може да имаме успех како што посакуваме. Доволно е една алка да затаи и тогаш резултатот ќе изостане, истакна Грковска и додаде дека малиот број пријави и пресуди за поткуп се должи на недовербата на граѓаните во институциите, особено во правосудството, стои во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    166 shares
    Share 66 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ