Германската полиција денеска уапсила босански државјанин осомничен дека извршил воени злосторства за време на Босанската војна.
Името на осомничениот не е објавено, освен дека се работи за 50-годишен маж кој е обвинет од страна на властите во Босна, јави новинската агенција Танјуг. По осомничениот била издадена потерница од Интерпол, кој го лоцирал во германската област Баварија. Суд во Минхен треба да реши дали ќе го екстрадира осомничениот во Босна.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.