Централниот одбор на ГРОМ донел одлука за официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот Одбор беше напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од ГРОМ.
Меѓудругото на состанокот на ЦО бил донесен и заклучок дека ГРОМ ќе продолжи да дејствува опозициски и ќе се подготвува за самостоен настап на следните парламентарни избори.