На адреса на ЦИВИЛ пристигна документ со заостанати обврски на партијата ГРОМ на уапсениот Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на општина Карпош, кој денеска грубо и вулгарно им се обрати на новинарските екипи додека полицијата го спроведуваше во Кривичен суд.
Без оглед на заостанатите обврски, интересен е податокот што една мала партија како ГРОМ има два стана во престижен дел од градот на улица Прашка, број 21, во Скопје. Остануваат отворени прашањата уште колку станови и други недвижнини поседува оваа човек-партија и дали постои налог за претрес и на тие адреси.
Освен за ГРОМ, останатите податоци, вклучувајќи го и логото на фирмата што го издава овој извод, се скриени заради заштита на приватноста.
М.Л.
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста
Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.