Снимките од руските војници како пукаат во човек со кренати раце на автопат надвор од Киев на почетокот на март беа споделени низ светот. Сега Русите се истиснати од областа и Би-Би-Си потсетува на мрачните последици од нивната краткотрајна окупација, пренесува Фронтлајн.
Изброивме 13 тела на кошмарниот дел од патот долг не повеќе од 200 јарди, помеѓу Мрија и Мила, села чии украински имиња се преведуваат како Сон и Душо, известува Би-Би-Си.
Двајца од загинатите се потврдени како украински цивили кои биле убиени од Русите. Останатите сè уште не се идентификувани – лежат каде што се убиени – но само двајца носат препознатливи украински воени униформи.
Трагите од битка и тешкото гранатирање беа насекаде, јавува репортерот на Би-Би-Си. Бензинските пумпи и хотелот кој беше добро познат по својот спа центар и ресторан беа во урнатини. Дупки и кратери од гранати по коловозите.
Репортерот на Би-Би-Си, известува за брачниот пар кој на 7 март беше убиен од Русите и нивните тела оставени на патот да се распаѓаат
Некои одговори веќе постојат за брачниот пар кој на 7 март беше убиен од Русите и нивните тела на патот беа оставени да се распаѓаат. Нивниот разнесен автомобил од шрапнели со опожарена каросерија лежи на патот до една од бензинските пумпи, До него се изгорени остатоци од тело кое е едвај препознатливо како остатоци од маж. Венчалниот прстен сè уште е на прстот на трупот. Во внатрешноста на нивниот автомобил е она што останало од запаленото тело на жена, со отворена уста во нешто што изгледа како крик.
Нивната смрт беше снимена со украинско беспилотно летало на 7 март, управувано од единицата за територијална одбрана на Бугати. Единицата го објави видеото, кое беше повторно објавено од новински агенции ширум светот. Предизвика бес, бидејќи го прикажуваше ладнокрвното убиство на човек кој ги крена рацете за да покаже дека е безопасен, во класичниот гест на предавање, пренесува Би-Би-Си.