• Latest
Фото: МИА архива

Груби и Османи го осудија убиството на полицаецот во Косово и апелираат на стабилизирање на ситуацијата

September 24, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Груби и Османи го осудија убиството на полицаецот во Косово и апелираат на стабилизирање на ситуацијата

September 24, 2023 16:50
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Oсмани го осудија убиството на припадник на полицијата на северот од Косово и изразија сочувство до семејството на загинатиот и апел за брзо пронаоѓање на сторителите и стабилизирање на ситуацијата, пренесува МИА.

Груби оцени дека нападот и убиството на косовскиот полицаец е „обид за поттикнување криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион“.

-Планираните дестабилизирачки случувања во северно Косово кон полицијата, државата и регионот се неприфатливи. Најостро го осудувам нападот врз косовските полициски сили во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а беа ранети и други во северно Косово. Апелирам на внимателност и зрелост, итно апсење на убијците, стабилизација на ситуацијата, одлучност за враќање на редот и законот и блиска координација со меѓународната заедница. Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на ранетите им посакувам брзо закрепнување, соопшти Груби.

Шефот на дипломатијата Османи на Фејсбук го осуди нападот и повика „чинот на насилство да биде темелно истражен и гонет“.

-Најостро го осудувам убиството на полициски службеник на должност на северот на Република Косово. Моето сочувство до семејството и пријателите на убиениот офицер и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените. Овој чин на насилство мора да биде темелно истражен и гонет. Стабилноста и безбедноста на Косово нема да бидат нарушени од акти на насилство. Безбедноста на граѓаните е пред сѐ, напиша Османи на својот фејсбук-профил.

Поради инцидентот во Косово најавената прес-конференција закажана за денеска попладне ја откажаа тројцата лидери на албанската опозиција Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Еден припадник на полицијата во Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утрово во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информираше дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник Африм Буњаку бил убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец.

 

Tags: ГрубиОсманисеверот на Косово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ