„Македонија мора да биде успешна приказна. За да биде таа успешна приказна, на Македонија и се потребни целосно независни, но и општествено одговорни медиуми. Активни невладини организации, вклучено општество и ангажирана академска заедница. Активни и контролни механизми, судии и обвинители кои што не ги насочува ветерот, туку словото на правото и правдата“, изјави Артан Груби, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања.
Груби истакна дека Македонија не смее да импровизира демократија.
„Нема демократија ако се контролира судството, ако се контролираат медиумите и граѓанскиот сектор, ако вработувањата се по партиски клуч. Ни треба обединета, една Македонија, сон, наместо несоница, чекор напред, а не во празно и назад. Ни треба Македонија исправена кон иднината“, рече Груби, додавајќи дека 11 декември значи втора шанса која мора да се искористи.
Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски