– Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? Македонската опозиција не е само ВМРО, истакна Груби.
На прашањето дали мислат дека ќе добијат гласови и од Левица, Груби одговори дека во опозицијата има и други политички партии во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ја имате Социјалистичката партија, ја имате српската партија, ја имате ромската партија, имате други партии, има и независни пратеници, рече Груби.
За тоа дали со оставката на Горан Милевски од министерска функција се отвори патот и за мала реконструкција на Владата, тој со став дека не е планирана никаква владина рекострукција.
– До овој момент додека сум во студио, не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на владата, освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во владата туку и на директорските места, изјави Груби.
Прашан за објавениот скандал за премиерот Ковачевски, каде ВМРО ДПМНЕ го обвини за „трајно неспособен“, Артан Груби одговори дека му верува на премиерот кој рече дека во тој период подлегнал на неколку операции и тоа е причината за не пријавувањето во војската.
Според првиот вицепремиер ВМРО-ДПМНЕ имале време кога сакаат да го објават овој наводен скандал, но сега излегле со некакви документи се со цел да го оттгрнат вниманието од нивните скандали, посебно последниот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.