• Latest

Груби: Употребата на мајчиниот јазик е скапоцена вредност за нашата заедничка држава

February 22, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Груби: Употребата на мајчиниот јазик е скапоцена вредност за нашата заедничка држава

February 22, 2021 15:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби организираше тркалезна маса.

На оваа дебата, како што соопштија од неговиот кабинет, освен Груби присутни биле и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села, директорот на Агенцијата за остварување на малцинските права во РСМ, Еран Куртиш, државниот секретар во Министерството за образование и наука, г. Селатин Белули, директорот на Управата за образование, Милутин Станчиќ, директорот на Управата за култура, Адмир Ујкановиќ, директорот на инспекторатот за упореба на јазиците, Фатмир Исени и заменик министерот во Министерството за политички систем, Илхан Рахман.

-Првиот вицепремиер пред присутните рече дека поддршката за употребата на мајчините јазици од страна на државата е од особено значење. Уставот на земјата, но и Законот за јазици овозможува официјална употреба на централно и локално ниво на некои мајчини јазици и заедно со образовниот процес што се одвива на повеќе јазици е најдобриот показател дека ние како општество имаме преземени чекори напред во зголемувањето на вредноста на мајчините јазици, се вели во соопштението од кабинетот на Груби.

Директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села, пак, истакнал дека јазичните разлики, мултикултурниот карактер на општеството во РСМ е предност, а не хендикеп. Овие специфичности, нагласил тој, треба систематски да се култивираат и унапредуваат со цел да се обезбеди социјална кохезија меѓу заедниците.

Во дискусијата на тркалезната маса директорот на Агенцијата за остварување на малцинските права во земјава, Еран Куртиш потенцирал дека треба почесто да се организираат настани што ги обединуваат заедниците меѓу себе, а заменик министерот за политички систем,  Илхан Рахман оти Северна Македонија може да се смета за пример во однос на законските можности за употреба на мајчините јазици.

На тркалезната маса се обратил и директорот на Управата за образование, Милутин Станчиќ кој во својот говор рекол дека на промовирањето на повеќејазичноста и нејзиното вклучување во образованието и општеството треба да им се посвети посебно внимание, така што за децата нивниот мајчин јазик да е секогаш предност.

Првиот вицепремиер Груби нагласил дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе зазема централна улога во креирањето на јазичните политики и интеграцијата на етничките заедници во јавниот живот на земјата. Се разбира, потенцирал Груби, многу важен елемент е соработката со другите институции што се создадени во духот на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ