Собрание
Пред собраниска комисија денеска беа претставени Реформите на УБК .Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќање на седницата на Комисијата истакна дека една од забелешките на Прибе за затекнатата состојба во овој сектор беше дека состојбата е резултат на непочитување на професионалната етика, основните принципи на ризично управување и недостаток на познавање на чувствителноста на разузнавачите задачи во рамките на УБК. Во согласност со акцискиот план, МВР до 15 ноември треба да ѝ предложи на Владата еден од трите модели и потоа изборот ќе подлежи на анализа преку акциски план на легислативата и на сите други подзаконски акти.
Мандат
Комисијата за мандатско-имунитетски прашања вчера го одобри предлогот на судот за укинување на мандатот на Никола Груевски за да ја отслужи двегодишната затворска казна, на која е осуден во случајот „Тенк“. Одлуката на Комсијата се објаснува со Членот 59 од Правилникот на Собранието за процедурите, кој наведува дека судот би требало да го извести претседателот на парламентот кога ќе осуди некој пратеник поради злосторство или друго казниво дело, со што пратеникот станува недостоен за својата позиција.
Одлуката ќе се разгледува на пленарна седница на Собранието.
Од Основниот суд Скопје 1 потврдија дека стигнале 4 жалби од адвокатите на Груевски, а се чека и тој лично да поднесе жалба за да му се одложи затворот. Доколку, Груевски го чека последниот рок за поднесување жалба и ја поднесе по пошта, таа би пристигнала во петок. А според судот можно е Кривичниот совет веднаш да одлучува по истата.
Судења
Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Во судница беа присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.
Поради службено отстуство на претседателот на Судечкиот совет Оља Ристова, рочиштето за предметот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 13 ноември.
Во предметот се обвинети пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни нерегуларности во Општина Чаир.
Д. Тахири