Група пратеници до Собранието предложија измени на Законот на пратеници во кој се додава член, во кој е дефинирано во кој случај еден пратеник го губи правото на исплата на плата и други лични примања и надоместоци на трошоци. Предлог законот е ставен на дневен ред на денешната седница по скратена постапка.
Овие измени се поднесуваат поради Никола Груевски, кој сѐ уште прима пратеничка плата од Собрание иако официјално е азилант во Унгарија.
На Груевски, засега не може да му се одземе мандатот, бидејќи за тоа е потребно двотретинско мнозинство, а независните пратеници кои произлегоа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со кои власта дојде до двотретинско мнозинство за уставните измени, кажаа дека нема да гласаат за одземање на мандатот на осудениот експремиер.
Со постојното решение во Законот за пратеници, не се предвидува ситуација во која пратеник го губи правото на плата.
М. И.