• Latest

Група aвганистански граѓан(к)и ја напушти земјава, Грција бара меѓувладина седница ЕУ – Северна Македонија, Зелената агенда пред кандидатите за градоначалници, Самит на „Економист“ за Западен Балкан во Скопје

October 14, 2021
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Група aвганистански граѓан(к)и ја напушти земјава, Грција бара меѓувладина седница ЕУ – Северна Македонија, Зелената агенда пред кандидатите за градоначалници, Самит на „Економист“ за Западен Балкан во Скопје

October 14, 2021 17:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Северна Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. Прибежиште им обезбеди Франција, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим, соопшти владината прес-служба.

Северна Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија и досега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Милтиадис Варвициотис : Грција смета дека веднаш треба да се свика меѓувладина седница за Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори за нивно членство во ЕУ,  чекорите што Унијата треба да ги преземе во оваа насока треба да бидат брзи и одлучни.

Европа е нашиот дом и ние сакаме тој дом да се прошири, да ги прифати сите земји од европскиот континент и на тој начин да се воспостави една географска целина и заокружување, а со тоа земјите од Западен Балкан да се приклучат кон заедницата.

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омраза. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанска пријава, на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори, со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

ИЗБОРИ   Државната изборна комисија (ДИК), утрово од Битола почна со преземање и дистрибуција на избирачкиот материјал за претстојните Локални избори што ќе се одржат в недела.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека станува збор за доверлив материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список..

АВМУ Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од 16 октомври, заклучно со 19:00 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, потенцираат од АВМУ.

ПАРТНЕРСТВО   Министерот за надворешни работи, Бујар Османи заедно со министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон денеска во Скопје го одржаа и заеднички копретседаваа со првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

САМИТ   Со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев започна Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“ (The Economist).
Тема на Самитот е „Унапредување на европската инклузивност и солидарност“, а на првиот, премиерски панел на тема „Западниот Балкан во пост-ковид светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?“, покрај премиерот Заев, говорат и премиерот на Република Косово, Албин Курти, вицепремиерот на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ, и вицепремиерот на Република Албанија, Арбен Ахметај.

ИНТЕГРАЦИИ Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во Европската унија и сета наша работа е во насока на поддршка на тој процес, изјави амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, зборувајќи на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“, на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје.

ЗЕЛЕНИ    Со кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска од Зелен хуман град, Арбен Шаќири од коалицијата „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, и Петре Шилегов од коалицијата предводена од СДСМ, разговараме за прашања од зелената агенда.

Ги прашавме кандидатите Шилегов, Шаќири и Петровска, дали, како и за кои зелени вредности се залагаат?.

ИНТЕРВЈУ

Коалицијата на Мицкоски со Села е нож во грбот на вмровското членство.  Невладините, ЕУ вредностите, Преспанскиот договор, бугарската блокада, актуелната македонска партиска слика, изборниот епилог на локалните, се само дел од темите во овој ДИСТРИКТ, интервју на Зоран Иванов со проф. д-р. Тони Науновски за ЦИВИЛ Медиа.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Утре е последен ден од кампањата за локалните избори. ДИК започна со дистрибуција на гласачките материјали, акредитирани се 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи, а партиите го користат последниот ден за меѓусебни обвинувања и дисквалификации, митинзи, прес конференции и презентации на социјалните мрежи и медиумите.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Веста што вчера пристигна од Софија е фрапантна по многу нешта: тамошната изборна комисија утврдила дури 24 валидни кандидати за претседателските избори во Бугарија, за уште еден дополнително ќе одлучува дали ќе се најде на изборните листи, а на два-тројца им ги одбила кандидатурите поради неисполнување на предвидените услови што требало да ги исполнат за претседателската трка предвидена за 14 ноември годинава. “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Во недела историјата, сепак, ќе ни чукне на врата”.

 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ