Categories

ПОВИК Групата на здравствениот срам повика на акција за чистење на Клиничкиот центар

Во меѓувреме на Фејсбук, Групата на здравствениот срам, упати повик да сите заинтересирани граѓанки  и граѓани да се организираат и заеднички да го исчистат дворот на Клинички центар.

„Да организираме настан во кој ќе се собереме и сите заедно доколку од Клинички не можат да се справат сами ќе го чистиме во денови што ќе ги договориме. Еве и јавен повик до одговорните доколку ви треба помош да го исчистите ѓубрето ќе ви помогнеме, само да не го гледаме тој срам и да не дозволиме странци да ни го чистат“, се вели во нивниот повик.

Немаме информации колку луѓе до сега се пријавиле, но судејќи по коментарите, граѓанките и граѓаните сметаат дека вината е на директорот на Клинички центар и одговорноста е нивна, како и на останатите институции што можат да помогнат во решавање на овој проблем.

И покрај акциите на чистење, најголемиот проблем, сепак, останува во свеста на граѓан(к)ите во зачувување и заштита на животната средина и јавните површини што се од сечиј интерес.

И Министерството за здравство проблемот ќе го решава со вакви акции, бидејќи тендерот за избор на фирма која ќе ја одржува хигиената во Клинички центар е поништен.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email