• Latest

Групна изложба: „Овој простор им припаѓа на сите“

June 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Групна изложба: „Овој простор им припаѓа на сите“

June 25, 2025 12:03
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“, која ќе се отвори на 27 јуни 2025 (петок) во 20 часот во Центар Јадро Скопје, се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ, иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, родовите и интердисциплинарните слоеви на современото, постмодерно општество.

Џемилиана Абдулова во своите дела се фокусира на ромскиот идентитет, Романипе, кој е ризница на обичаи, историјата и сè што ги прави Ромите свои и уникатни. Соочена со предизвикот како да го долови духот на една богата и разновидна култура каква што е ромската, таа во своите дела го користи артивистичкиот пристап, како моќна алатка со која паралелно се спротивставува на сите стереотипи и предрасуди, со коишто изобилува нашето патријархално и традиционално општество.

Џемилиана Абдулова во својата досегашна уметничка практика изработила неколку експериментални видеа, илустраторка е на повеќе книги и авторка на делото “A Small Roma Memory Book”. Била дел од актерската екипа на Аматерскиот филмски фестивал „Скриени лица“, Романо ило и Ромаверзитас.

Темите што Бурџу Мусли ги избира во своите дела се длабоко поврзани со културата на жените од источните општества. Таа го истражува женскиот идентитет, перцепцијата на женската сексуалност и нејзиното разбирање во патријархалните општества. Таа често користи фолклорни и ориентални симболи, спојувајќи ја традицијата со модерноста.

Оваа двојност создава богата нарација, која одекнува со минатите и сегашните борби на жените во овие региони. Бурџу Мусли е мултидисциплинарна уметница, финалистка на престижната награда „ДЕНЕС“, со две самостојни изложби на дигитални колажи кои обработуваат теми поврзани со правата и слободата на жените, особено во исламските култури. Се занимава и со фотографија, дизајнира костими и сценографија. Таа има намера да го интегрира танцот и телесниот израз во нејзината уметничка практика.

Харис Муриќ се претставува со селекција на постери што се дел од неговиот проект „When Do I Stop?“, во кој во текот на 2024 година креирал по еден плакат неделно. Овој негов концепт наликува на визуелен дневник, во кој тој ги рефлектира разните искуства и сензации од музиката, филмовите и литературата. Во циклусот „When Do I Stop?“, Харис ги комбинира вешто фотографијата, колажот, цртежот, типографијата и поезијата и преку нив ги продлабочува значењата и слоевитоста на постерот, надвор од границите на неговата комерцијална намена.

Харис Муриќ е графички дизајнер и визуелен уметник со разновидна палета на уметничка експресија, која се простира од визуелни идентитети, до музички омоти, па сè до плакати. Она што го применува кај плакатот е љубовта кон музиката, поезијата, фотографијата и носталгијата, срочени во layout кој на сите заедно им дава смисла.

Марко Печеновиќ, во своите дела ги спојува цртежите, сликарските и текстуалните елементи со хаотична, слоевита естетика. Отуѓувањето, призрачните и распарчени форми зборуваат за постмодерната субјективност, фрагментацијата на себството и медиумски предизвиканата отуѓеност. Контрапунктирањето на религиозниот симболизам, медиумските фрагменти и насилната апстракција  во делата на Печеновиќ би можеле да се протолкуваат како коментар за пост-југословенскиот идентитет и траумата на современата балканска култура под глобално капиталистичко влијание. Марко Печеновиќ на алтернативната уметничка сцена е препознатлив како дел од неколку бендови и колективот „Гола планина“ како музичар, поет и визуелен уметник со постмодернистички сензибилитет.

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на ЗГ Есперанца Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Центар Јадро Скопје.

Во рамките на проектот, посебен фокус се става на културата на помалите заедници, како еден од најранливите и најзапоставените делови на културниот екосистем во земјата.

Со години, уметниците што ја негуваат уметноста и културата на помалите заедници не добиваат доволно поддршка од надлежните министерства. Без соодветна поддршка, уметноста и културата на помалите заедници не може вистински да се развие. Тоа ја доведува во опасност не само различноста како еден од клучните столбови на современите културни политики препорачани од УНЕСКО, туку и мултикултуралноста како одлика и вредност на нашето општество. Со оваа изложба, КСП Центар-Јадро и проектните партнери сакаат да им дадат шанса на овие млади, но докажани уметници да се претстават посоодветно пред скопската публика.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ