Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски не се чувствуваат виновни во случајот ТНТ на СЈО за уривањето на „Космос“. Вака се произнесоа и останатите четворица обвини.
На почетокот од рочиштето, воведен збор имаа обвинителите од СЈО, кои рекоа дека е сторено кривично дело од политичка одмазда.
Обвинетите Груевски и Јанакиески се обвинети дека ја искористиле својата позиција, за да ја уништат инвестицијата на политичкиот ривал Фијат Цаноски „Космос“, вредна 30 милиони евра, поради тоа што тој и неговата партија ПЕИ ја напуштил коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.
Обвинителите од СЈО го изнесоа случајот во детали, за тоа како се одвивала целата постапка и кажаа дека одмаздата од политички мотиви, Груевски и Јанакиески ја реализирале со тоа што ги злоупотребиле институциите и му нанеле штета на Цаноски од 16 милиони евра. Рекоа дека за ова имаат докази, сведоци и искази од оштетените, стручни мислења од Архитектонскиот факултет, урбанистичко и економско-финансиско вештачење.
На самиот почеток, при идентификација на осомничените, Јанакиески рече дека повеќе не работи во ВМРО ДПМНЕ, туку во компанијата „Пелистерка“, а Тони Трајковски е вработен во ЕЛЕМ.