• Latest

Груевски имал 91 советник и соработници кои годишно чинеле 1,73 милиони евра

May 15, 2018

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски имал 91 советник и соработници кои годишно чинеле 1,73 милиони евра

May 15, 2018 12:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија Никола ГруеВски имал 91 советник и надворешни соработници за кои годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра, објави денеска владината прес-служба.

– Владата на Република Македонија ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа насока информира дека сите советници на премиерот Зоран Заев се јавно објавени на официјална веб страницата, а прашањата од медиумите поврзани со нивниот број и дневни работни активности се одговараат на дневна основа. Со цел јавноста да може да направи споредба со работењето на претходната Влада, ви ги презентираме трошоците за плати на сите 91 советник и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно, се вели во соопштението од прес службата на Влада.

Потенцираат дека сумата за плати која била потрошена во тој период е тројно поголема од вкупната сума која оваа Влада ја издвојува за сите советници, посебни советници и надворешни соработници на премиерот

Поради обемот на архивирана документација и нестандардното архивирање, се вели во соопштението, се уште не се обработени податоците за периодот 2006 – 2010 година за ангажирани лица како советници и соработници на поранешниот премиер Никола Груевски.

– Податоците како и имињата на лица ангажирани во Владата на Република Македонија како советници и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата на Никола Груевски се обработени за  период од 2010 до 2016 година. Само за една година Владата на Никола Груевски за надворешни соработници и советници има потрошено 71,6 милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија, меѓу кои биле ангажирани и надворешни соработници со плата од 7.000 евра месечно, се наведува во соопштението.

Дополнително, информираат од владината прес служба, недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, што значи дека оваа бројка од 91 советник и надворешни соработници не е финална.

– Покрај индивидуалните договори за советување поранешниот премиер Никола Груевски има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. Се работи за четири договори со вкупна вредност од: 569.000 евра или 34,99 милиони денари, информираат од Владата.

Доколку се земат предвид двете суми на годишно ниво, се вели во соопштението, финалниот износ кој Владата на Никола Груевски ја има потрошено за советници и соработници на премиерот изнесува: 106,64 милиони денари или 1,73 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија.

Во продолжение се примањата на некои од советниците и надворешните соработници кои посебно се издвојуваат:

Марјан ХрибарМесечно 2500 Евра
Јехоша Шуки Глајтманнадворешен соработник  надоместок  Годишно  26.000 американски долари. Покрај надоместоците, на надворешниот соработник му се обезбедуваат патни трошоци, трошоци за исхрана и хотелско сместување за време на неговиот престој во РМ

 

Александар НиковскиМесечно 3000 Евра
Роберт ВалтерМесечно 7000 Евра
Христијан Мицкоскиангажиран со надомест со коефициент 1.8. на Никола Груевски. го менува договорот со наредниот премиер Емил Димитриев во надворешен соработник за енергетика (нема сума на договорот)

 

Колин ЏефериМесечно 4000 Евра
Џорџ Р. ПериМесечно 5000 американски долари

 

Во продолжение е целата листа на советници:

1. Азир Алиу
2. Александар Ѓорѓиев
3. Александар Митов
4. Александар Никовски
5. Ана Блажеска
6. Антонио Пеков
7. Бојан Петровски
8. Бранислав Саркањац
9. Вања Христовска
10. Василка Габер
11. Вера Димитриева
12. Весела Костовска
13. Виктор Михајловски
14. Виктор Новаковски
15. Виолета Марковска
16. Владо Поповски
17. Влатко Илиевски
18. Горан Лазов
19. Горан Мојсовски
20. Горан Торбаков
21. Горан Устијаноски
22. Данче Сотироска
23. Дарко Ангелов
24. Дебора Лакаордова
25. Дејан Бујишиќ
26. Дејан Герасимовски
27. Димитар Самарџиевски
28. Димитар Трифуновски
29. Димче Лазаревски
30. Дино Стеријевиќ
31. Ѓоко Николовски
32. Елена Ивановска
33. Елена Новачка
34. Елизабета Панговска
35. Иван Стојановски
36. Ирена Лесовска
37. Исмет Османи
38. Јана Глигоровска
39. Јасмина Апостолска
40. Јасминка Васкова Ташкова
41. Јордан Поповски
42. Јехошуа Шуки Глајтман
43. Катерина Димовска
44. Кенан Абди
45. Колин Џефри
46. Коче Гаврилов
47. Кристијан Арсов
48. Крсте Маљановски
49. Лазо Трпков
50. Луке Галески
51. Љупчо Ефремов
52. Марија Апостолова
53. Марија Влашчева
54. Марија Ивановска-Гуговска
55. Марија Јакимовска
56. Марина Ефремовска
57. Марјан Хрибар
58. Мартина Антиќ
59. Мартина Тевчева
60. Мери Атанасовски
61. Методиј Хаџи Васков
62. Милош Стокуќа
63. Мирвет Рамадани
64. Мичо Апостолов
65. Наталија Пешиќ
66. Ненад Коцевски
67. Панче Кралев
68. Перо Китановски
69. Огнена Никуљска
70. Роберт Валтер
71. Розета Видоеска
72. Розета Трајан
73. Сања Димитриевска
74. Саша Грујевски
75. Сашо Павлоски
76. Сашо Стефановски
77. Сенко Велинов
78. Славе Веловски
79. Славица Тодорова
80. Слободан Тодоровски
81. Слободан Трчков
82. Соња Тодороска
83. Срѓан Керим
84. Тања Костовска
85. Татјана Арсова
86. Тео Вајгел
87. Тодор Теменуговски
88. Фиданчо Велиновски
89. Христијан Мицковски
90. Христина Костовска Радинска
91. Џорџ Пери

(МИА)

Tags: Никола Груевскиплатисоветницисписок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ