Експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и во опозиција „неуморно работи 24/7“. Тој, викендов, прво заигра комитско оро на „Комитската вечер“ во скопски Бутел, а веќе следниот ден, присуствуваше на прославата на 26-годишнината од формирањето на подмладокот на партијата, што се одржа во „Античкиot театар“ во Охрид.
„Со неуморна работа, рамо до рамо со повозрасните, ја направивме Македонија петта најдобра држава во Европа и 10-та во светот, по условите за правење бизнис“, истакна Груевски на прославата на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Во изминативе десет години, „Антички театар“ во Охрид за првпат е изнајмен за политички настан, за што Унијата платила 30.000 денари, потврдија од охридскиот Завод и Музеј, за порталот сакамдакажам.мк.
Наместо на летување на егзотични плажи, со своите омилени реквизити, очилата за сонце од 60.000 долари, зашто Кривичниот суд пред една недела му го одзеде пасошот, Груевски сега одлучи и ова лето да го мине во популистички манир. Па, пред и по дружбата со партиските „комити“, и во „античките“ театри, тој е неуморен „преродбеник“ по патиштата, најавувајќи дека допрва ќе следат успесите за своите 12 години ветувани, а нереализирани проекти.
Дехран Муратов